НЛБ Банка доби кредит од ЕБОР од 3 милиони евра за финансирање фирми управувани од жени
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и НЛБ Банка АД Скопје, потпишаa договор за поддршка на жените претприемачи во Република Македонија.

Како дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан – Жени во бизнисот, ЕБОР обезбедува три милиони евра кредит на НЛБ Банка, за финансирање на мали и средни претпријатија, управувани од жени.

Програмата е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и средни претпријатија (МСП) управувани од жени, во пристапот до финансии и советодавни услуги, овозможувајќи им да остварат раст во работењето. Програмата комбинира финансирање, техничка поддршка и деловни советодавни услуги за поддршка на МСП управувани од жени. Tехничката помош и советодавните услуги се ко-финансирани од владите на Луксембург и Шведска.

„Веруваме дека охрабрувањето на жените претприемачи е важен дел од активностите на ЕБОР, во насока на остварување на економскиот потенцијал на Македонија и Западен Балкан. Ова е сеопфатна програма која има за цел да го надополни јазот во обезбедувањето на финансирање и советодавните услуги за МСП управувани од жени, во побарувачката и набавката. Веруваме дека овие средства ќе бидат успешно пласирани во македонските компании, благодарение на нашиот долгорочен партнер НЛБ Банка АД Скопје”, изјави Анка Јоана Јонеску, претставник на ЕБОР за Македонија изјави.

НЛБ Банка АД Скопје има значајно искуство во пласирање на кредити од ЕБОР, кои им помагаат на локалните бизниси во подобрување на енергетската ефикасност и поттикнување на конкурентноста. НЛБ Банка АД Скопје е една од трите најголеми македонски банки, со мрежа од 50 експозитури на национално ниво, преку која ќе се пласираат средства од оваа кредитна линија.

„Програмата за поддршка на Жени во бизнисот, ќе придонесе за понатамошно проширување и збогатување на понудата на кредитни продукти на Банката и советодавните услуги кои ги нудиме на клиентите. Оваа програма е особено значајна бидејќи им овозможува на нашите клиентки пристап до кредити во износ до 300.000 евра за финансирање на основни средства, но и на средства за тековно работење, по многу поволни услови, со рок на отплата до пет години. Воедно, нуди не-финансиска поддршка, преку советодавни услуги за изработка на бизнис стратегија, маркетинг, сметководство и информатичка технологија. Нашите клиентки ја имаат и можноста за вклучување во програма за менторство и континуирана поддршка на бизнисот, преку локалните советници. Со кредитната линија на ЕБОР и нејзините поволности, НЛБ Банка, дополнително ќе го поддржи претприемништвото кај жените, придонесувајќи кон општиот економски раст на локалните бизниси”, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје изјави.

ЕБОР реализира проекти во Република Македонија од 1993 година, и до сега има инвестирано над 1.6 милијарда евра, во над 100 проекти во земјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×