НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитите за правни лица
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Почнувајќи од 08 април годинава , НЛБ Банка воведе нови кредитни продукти за правни лица со намалени каматни стапки и поповолни услови. Каматните стапки на новоодобрените кредити се намалени во просек до 1,5 процентни поени.
NLB - banka sajt

Новите кредитни продукти се наменети за мали, средни и големи претпријатија. Намената на овие кредитни продукти е за инвестиции во основен капитал, за обртен капитал и трајни обртни средства. Исто така, Банката воведе нови кредитни продукти за нето извозниците, кои се акцелератор на економскиот развој во секоја земја. Новите кредитни продукти заедно со постојниот пакет за нето извозници формираат една од најцелосните понуди на услуги за овој пазарен сегмент. Дополнително на понудата, Банката започнува и со пласирање на средства од кредитната линија од МБПР ЕИБ V, со која се дополнува понудата со кредити со фиксна каматна стапка до 12 години.

Во периодот кој следува, во фокусот на работењето на Банката ќе биде поддршката на приватниот сектор преку креирање на продукти со поволни, атрактивни и кориснички прилагодени услови. Исто така, Банката ќе продолжи со финансирањето на големите проекти и инвестиции преку поддршка со tailor-made продукти прилагодени на специфичните потреби и услови на поединечните проекти.

Освен во делот на финансирањето, НЛБ Банка е партнер кој освен финансиски средства и современи услуги, нуди и советување на клиентите, контакти со можни соработници во земјата и регионот (преку мрежата на НЛБ Групацијата), економско-техничка оценка на проектите и правна поддршка.

Сите заинтересирани клиенти можат да ги контактираат советниците од Деловниот сектор за корпоративни клиенти или да се обратат на e-mail: corporate@nlb.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×