НЛБ Банка отвори нова експозитура во општина Бутел
Објавено на од во Компании

По повод отворањетона новата експозитура, НЛБ Банка ги наградува своите клиенти, и тоа првите сто клиенти во новата експозитура кои ќе аплицираат за НЛБ кредитна или бизнис картичка ќе добијат бесплатна членарина за првата година, а првите сто клиенти кои ќе ја преземат НЛБ мКлик мобилната апликација за физички лица, ќе добијат три месеци бесплатно користење на истата. 

nlb_ekspozitura01-660x330

 

 

 

 

 

НЛБ Банка АД Скопје ја прошири својата продажна мрежа со уште една локација во општина Бутел на ул. Бутелска бб.Eкспозитурата ќе го опслужува сегментот население и правни лица нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Покрај тоа, експозитурата е опремена и со современа 24-часовна самоуслужна зона каде клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, уплата на дневен промет, уплата на платежни и бизнис картички, уплата на сопствени сметки, плаќање на режиски трошоци како и припејд надополнување на мобилен телефон. Работното време на експозитурата ќе биде од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.

На свеченото отворање на експозитура Бутел пред присутните се обрати Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Антонио Аргир:

“Ми претставува вистинско задоволство да Ви посакам добредојде и заеднички да го означиме отворањето на новата експозитура на НЛБ Банка. Новата експозитура во Општина Бутел ќе биде организирана според концептот универзaлна мала банка нудејќи сеопфатни банкарски услуги за население и правни лица. Со ова, НЛБ Банка ја збогатува својата мрежа на експозитури која отсега ќе брои вкупно 54 експозитури, од кои 28 во Скопје, а останатите лоцирани во другите градови на Македонија.  Отворајќи ја оваа експозитура би сакале да придонесеме за поголема достапност на финансиските услуги до жителите на Општина Бутел и граѓаните на Скопје, а во насока на понатамошен развој на општината, НЛБ Банка донира 60.000 денари на основното училиште ОУ Панајот Гиновски наменети за уредување на спортските терени.

По повод отворањетона новата експозитура, НЛБ Банка ги наградува своите клиенти, и тоа првите сто клиенти во новата експозитура кои ќе аплицираат за НЛБ кредитна или бизнис картичка ќе добијат бесплатна членарина за првата година, а првите сто клиенти кои ќе ја преземат НЛБ мКлик мобилната апликација за физички лица, ќе добијат три месеци бесплатно користење на истата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×