НЛБ Банка преку кампања со VISA картичките ги поддржува најпогодените бизниси од Covid 19 кризата
Објавено на од во Компании
Во рамки на кампањата, првите 1.000 клиенти кои со НЛБ Visa картичките ќе направат 10 безготовински трансакции (на минимален износ од 300 мкд по трансакција), добиваат вредносна картичка од 3.000 денари, а овие пари  ќе може да ги искористат во период до 30.11.2020 година на продажни места од најпогодените дејности и тоа: угостителство, салони за убавина, фризерски салони, стоматолошки ординации, дерматолошки ординации, туристички агенции, продавници за спортска опрема, облека, накит, итн.
NLB Visa (2)
НЛБ Банка во периодот од 1.9.2020 до 30.9.2020 година спроведува промотивна кампања за НЛБ Visa картичките за физички лица. Преку оваа кампања, Банката, од една страна обезбедува низа поволности за своите клиенти – корисници на НЛБ Visa картичките, а од друга страна овозможува помош за бизнисите кои се најпогодени од кризата и на кои во овој момент им е потребна поддршка.
 Во рамки на кампањата, првите 1.000 клиентикои со НЛБ Visa картичките ќе направат 10 безготовински трансакции (на минимален износ од 300 мкд по трансакција), добиваат вредносна картичка од 3.000 мкд.
 Средствата од картичката клиентите ќе може да ги искористат во период до 30.11.2020 година на продажни места од најпогодените дејности и тоа: угостителство, салони за убавина, фризерски салони, стоматолошки ординации, дерматолошки ординации, туристички агенции, продавници за спортска опрема, облека, накититн. На овој начин, преку одобрување на дополнителни финансиски средства и нивно искористување во загрозените дејности, Банката обезбедува поддршка и придонесува за заживување на бизнисите.
 „Во НЛБ Банка секогаш тргнуваме од потребите и барањата на нашите клиенти. Ја наградуваме нивната лојалност и пружаме поддршка и помош на оние на кои им е најпотребно. Веруваме дека со оваа кампања ќе успееме да ги поттикнеме клиентите да ја искористат можноста да добијат вредносна картичка од 3.000 денари и преку трошење на овие средства да им помогнат на најпогодените дејности. Со ова, не само што ќе ги наградиме нашите клиенти за нивната лојалност, туку и ќе помогнеме на македонското претприемништво. Затоа ве повикуваме да ги користите НЛБ Visa картичките и да покажеме дека сме одговорни, дека се грижиме и дека во ова време на предизвици заедно можеме повеќе!“- истакнаа од Банката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×