НЛБ Банка промовира нова мобилна апликација и нови функционалности на банкоматите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

НЛБ Банка од денеска воведе нова и подобрена апликација за мобилно банкарство – НЛБ мКлик и нови Cash In функционалности на НЛБ Банкоматите.

Новата НЛБ мКлик апликација на корисниците им нуди можност за извршување на сите банкарски трансакции, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката.

„НЛБ мКлик апликацијата е единствена на пазарот во Македонија, со својот модерен и интуитивен дизајн, можноста за извршување на сите плаќања со само еден клик, како и on-line отворање на трансакциска сметка. Со цел поголема сигурност и флексибилност при користење на платежните картички на Банката, апликацијата нуди единствена можност за промена на лимитите на картичките (за подигање готовина на банкомат, плаќање во продажна мрежа и интернет плаќања)“, објасни претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Антонио Аргир.

Тој потенцираше дека преку НЛБ мКлик апликацијата клиентите имаат постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, можат директно да комуницираат со Банката и да го лоцираат најблискиот банкомат или експозитура.

Покрај НЛБ мКлик апликацијата, НЛБ Банка воведе нови функционалности на своите банкомати за уплата на готовина за физички и правни лица (Cash In банкомати).

„Со ова, физичките лица ќе имаат можност да извршат уплата на својата транскациска сметка, кредит или платежна картичка, додека правните лица  ќе можат да уплатат готовина од дневен пазар или на бизнис картичка. Со цел поголема промоција на новите продукти НЛБ Банка води промотивна кампања, во рамките на која сите нови корисници на НЛБ мКлик мобилното банкарство кои ќе аплицираат до 31.07.2016 година, ќе имаат можност за бесплатно користење на апликацијата во времетраење од 2 месеци. Дополнително, за правните лица сите уплати на дневен промет преку Cash In банкоматите во периодот до 31.07.2016 година, ќе се реализираат без провизија за уплатата“, истакна Аргир.

Тој рече дека НЛБ Банка за сега не планира да ги зголемува каматните стапки.

„Се уште се праваат калкулации на таа тема и како и што посочил и гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, ситуацијата се смирува, но доколку сепак дојде до промена во политиката на каматните стапки, ќе има зголемување на каматните стапки на денарските депозити, а намалување на каматните стапки на депозитите во евра. Во делот на кредите, Банката не планира зголемување на каматните стапки“, рече Аргир.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×