НЛБ БАНКА СО ДВЕ ПРОМОТИВНИ КАМПАЊИ И ПРОМЕНА НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ НА ДЕНАРСКИТЕ ДЕПОЗИТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Објавено на од во Економија

nlb-banka-0044Во периодот од 15.09.2018 до 31.12.2018 година НЛБ Банка води промотивна кампања за станбени и хипотекарни кредити за физички лица.

Во рамки на кампањата, се воведува Промотивен станбен кредит со најниска каматна стапка од 3,3% фиксна за првите 3 години. Каматната стапка за следните три години е фиксна и изнесува 4%, а каматната стапка за остатокот од периодот е варијабилна и изнесува 5% + шестмесечен Еурибор. Промотивниот станбен кредит ќе се одобрува без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

Исто така, во промотивниот период, сите хипотекарни и станбени кредити со животно осигурување (ризико полиса), ќе се одобруваат без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка. Останатите кредити ќе се одобруваат со 50% пониски манипулативни трошоци.

Покрај оваа промотивна кампања, во периодот од 15.09.2018 до 31.10.2018 година, Банката води промотивна кампања за НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица. Во рамки на кампањата за сите новоиздадени картички во промотивниот период следува бесплатна членарина за првата година на користење. За направени најмалку 10 ПОСтрансакции со картичкатаво периодот од 15.09.2018 до 30.11.2018 година следува уште една година гратис.

Воедно, како резултат на намалување на каматната стапка на благајничките записи, НЛБ Банка изврши намалување на каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД од 0,1 до 0,3 процентни поени. Новите каматни стапки се со важност од 15.09.2018 година и се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити. Кај постојните договори за депозити, важечката каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×