НЛБ Банка со две промотивни кампањи за потрошувачки кредити и мобилно банкарство
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

НЛБ мобилноВо рамки на промотивната понуда за НЛБ Потрошувачки кредити, Банката ги нуди НЛБ Виолетовиот плус со полиса за осигурување на живот и НЛБ Сребрените потрошувачки кредити, со поповолни каматни стапки и без трошоци за одобрување. Останатите НЛБ Потрошувачки кредити се одобруваат со 50% пониски трошоци.

Воедно, во истиот период Банката води промотивна кампања за НЛБ мКлик мобилното банкарство. Во рамки на кампањата сите клиенти кои ќе направат минимум 5 трансакции преку НЛБ мКлик мобилното банкарство, добиваат подарок – патничко осигурување.

НЛБ мКлик мобилното банкарство на корисниците им нуди можност за извршување на сите банкарски трансакции, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку НЛБ мКлик клиентите имаат постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, можат брзо и едноставно да плаќаат со само еден клик и директно да комуницираат со Банката.

НЛБ мКлик апликацијата е достапна на Google Play и Apple Store и може самостојно да се инсталира без потреба да се посети банката.

Повеќе информации клиентите можат да добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/ 15 600 или на веб страницата www.nlb.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×