НЛБ Банка со новитети во мобилното и електронското банкарство
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
НЛБ Банка воведе нова верзија со нови функционалности на НЛБ мКлик мобилното банкарство, како и нова платформа на НЛБ Клик електронското банкарство за физички лица, со што ја продолжува репутацијата на Банка предвесник во дигитализацијата на банкарството во нашата земја.
НЛБ новитет
Новите верзии на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство се со нов, модерен и интуитивен дизајн, а како една од најзначајните новини е можноста за извршување на платниот промет со странство. Со тоа НЛБ Банка оди чекор понапред кон задоволување на корисничките потреби и реализирање на сите банкарски трансакции на едно место.
 Во продолжение се дел од новите функционалности на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство:
  •  Вршење на девизен платен промет (плаќање на налози и распределба на девизни приливи)
  • Можност за промена на лимити за дневни и месечни трансакции реализирани преку НЛБ Клик и НЛБ мКлик
  • Можност за брзо креирање, снимање, потпишување и препраќање на налози
  • Поголема безбедност при плаќање со дополнителна автентикација со ПИН или со отпечаток од прст при плаќање на налози преку мобилно банкарство
  • Нотификација за прилив од странство преку мобилно банкарство
  • Можност за активација и деактивација на мобилно банкарство директно преку електронско банкарство
  • Можност за финансиска анализа на потрошувачката преку електронско банкарство
Новата верзија на НЛБ мКлик апликацијата веќе е достапна на Google Play и Apple store.
Повеќе информации можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефонскиот број 02/15-600 или на www.nlb.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×