НЛБ Банка со промотивна кампања за сите кредити за физички лица
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

НЛБ Банка во периодот од 01.03.2017 година до 31.05.2017 година спроведува промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Исто така Банката ги намали каматните стапки на станбените кредити.

Во рамките на кампањата, Ризико станбените кредити се одобруваат без манипулативни трошоци, додека останатите станбени кредити се одобруваат со 50% пониски манипулативни трошоци. Сите станбени кредити се одобруваат без трошоци за проценка. Исто така за секој одобрен НЛБ станбен кредит следува бесплатна полиса за осигурување на станот за првата година, како и можност за користење на бескаматен Happy плус Инстант кредит за опремување на станот.
Каматните стапки кај станбените кредити за приматели на плата се намалени до 0,6 процентни поени и започнуваат од 3,9% фиксна за првите три години кај Ризико станбениот кредит.

Воедно кај потрошувачките кредити, Банката го нуди Ризико виолетовиот потрошувачки кредит со каматна стапка од 6% фиксна за првите две години, без трошоци за одобрување. Останатите НЛБ Потрошувачки кредити се одобруваат со 50% пониски трошоци за одобрување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×