НЛБ Групацијата со добивка од 69,5 милиони евра за шест месеци
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

НЛБ Групацијата во првото полугодие од 2016 година оствари добивка од 69,5 милиони евра по оданочувањето, што е за 30%  повеќе отколку во првата половина од 2015 година, покажаа резултатите од работењето презентирани на редовната седница на Надзорниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана. На тој начин таа веќе десетти квартал последователно заврши со позитивен резултат. Со добивка работеа сите банки, членки на НЛБ Групацијата и ја подобрија профитабилноста во однос на истиот период минатата година. На седницата се усвои и Стратегијата на НЛБ Групацијата до 2020 година.

Од НЛБ известија дека во областа на клучните активности од работењето (работење со населението, со големи, средни и мали претпријатија во Словенија и работењето на коминтенти на странските пазари) добивката на НЛБ Групацијата се зголеми за 10,5 милиони евра, односно за 18% во однос на истиот период минатата година. Нефукнционалните кредити во првата половина од 2016 година се намалија за 146,3 милиони евра и на 30-ти јуни 2016 година изнесуваа 1,75 милијарди евра.

НЛБ Групацијата на крајот од јули 2016 година покажува високо ниво на адекватност на капиталот во висина од 16,6% и добра ликвидносна позиција. Една од најважните цели останува постојаното подобрување на квалитетот на кредитното портфолио со акцент врз квалитетот на новите пласмани и дисперзираноста на портфолиото.

Во однос на идната стратегија, НЛБ Групацијата е насочена кон подобрување на искуството на корисниците, оптимизација на понудата на продукти, поедноставување на банкарските системи и работењето, како и засилување на дистрибутивните канали и капацитети. Обновувањето на стратегијата вклучува и целосно осовременување и надградба на информатичките системи, со што НЛБ Групацијата ќе обезбеди поеластична, поагилна и трошковно поефикасна ИТ структура. Раководството на НЛБ Групацијата верува дека на тој начин соодветно ќе се подготвиме за предизвиците на дигитализацијата и другите предизвици, со коишто се соочува банкарството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×