НЛБ и Словенечкиот државен холдинг објавија продажба на 50% од акциите на најголемата банка во Словенија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Словенечкиот државен холдинг (СДХ) и управата на „Нова Љубљанска банка“ (МНЛБ) денеска го објавија писмото со намери за почеток на продажбата на акциите на најголемата словенечка банкарска групација на потенцијални инвеститори преку иницијална јавна понуда на акции (ИПО), што е првиот чекор во процедурата на нејзина постепена приватизација.

Почнатата постапка за продажба на најмалку 50% од акциите на НЛБ ја одобри надзорниот одбор на банката и СДХ, а понудата ќе трае до средината на идниот месец, се соопштува во намерата за собирање понуди преку составот на Љубљанската берза, каде се изнесени и главните податоци за банката, пренесе Хина.

Како што се планира, јавната понуда за купување обични акции на НЛБ и потврдата за сопствеништвото на НЛБ ќе се активираат по очекуваниот почеток на котирањето на нејзините акции на Љубљанската берза (ЉСЕ) и Лондонската берза и презентацијата на понудите во Европа и Америка кај потенцијалните инвеститори.

Собранието на НЛБ има 356 филијали, од кои 113 се во Словенија, а останатите во Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора и Косово. Во Словенија на подрачјето на кредитното делување има пазарен удел од 23,9%, а кога станува збор за депозитите од 25,3%, и е најголема словенечка банка, во стоотстотна сопственост на државата.

Билансот на банката пред крајот на минатата година изнесуваше 12,090 милијарди евра, а последните три години работи со добивка, што е продолженио и во првиот квартал од оваа година, кога биле реализирани 82 милиони евра добивка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×