НЛБ Нов пензиски фонд и официјално стана Сава пензиско друштво
Објавено на од во Компании

Друштвото и во иднина ќе продолжи да управува со двата пензиски фонда и тоа задолжителениот пензиски фонд, со ново име Сава пензиски фонд и доброволниот пензиски фонд, Сава пензија плус.

Sava penzisko drustvo - logo

НЛБ Нов пензиски фонд а.д. Скопје го заврши процесот на пререгистрирање и ќе продолжи да функционира под името Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Друштвото и во иднина ќе продолжи да управува со двата пензиски фонда и тоа задолжителениот пензиски фонд, со ново име Сава пензиски фонд и доброволниот пензиски фонд, Сава пензија плус.

„Заедно со новото име, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, Друштвото  во процесот на ребрендирање ќе добие целосно нов визуелен лик. Друштвото ќе продолжи да функционира и работи на ист начин како и досега, стремејќи се да обезбеди сигурни пензиски заштеди  за своите осигуреници, преку остварување на соодветен долгорочен принос од инвестициите на средствата на фондовите. Партнерството и континуитетот во едукацијата и комуникацијата со нашите членови и понатаму ќе остане наш врвен приоритет.“, велат од Сава пензиско друштво.

Промените во називот и ребрендирањето на НЛБ Нов пензиски фонд следуваат  откако словенечката компанија Сава Ре дд., Љубљана, во март годинава стана сопственик на 100% од акциите на пензиското друштво. Процесот за преземање на Друштвото се одвиваше преку законски дефинирана постапка, контролирана од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Словенечката Групација Сава Ре дд Љубљана, моќна и стабилна групација со извонредно меѓународно реноме, која веќе 40 години е дел од осигурителната и реосигурителната индустрија и бележи одлични резултати, ги исполни строгите критериуми пропишани со законската регулатива и стана сопственик на Друштвото. Групацијата Сава Ре во моментов поседува седум друштва за осигурување и две пензиски друштва, што ја прави една од поголемите групации во осигурителниот сектор во Југоисточна Европа.

Менаџментот на Друштвото, оценувајќи ја финансиската кондиција и нивото на воспоставените процеси и акумулираното искуство, најавува  брзо и успешно позиционирање на пазарот на новиот бренд Сава пензиско друштво а.д. Скопје и обезбедување континуитет и стабилност, што претставува примарен интерес за сегашните и идните членови на пензиските фондови и новите сопственици на Друштвото.

„И во оваа прилика го истакнуваме фактот дека пензиските фондови, со кои ќе продолжи да управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје, беа и остануваат во сопственост на нивните членови и нивните средства се целосно одвоени од имотот на Друштвото. Ние сме убедени дека со влезот на Групација Сава Ре и високата синергија помеѓу осигурителната и дејноста пензиско осигурување се отвораат нови можности и перспективи за развој што е во интерес на членовите на пензиските фондови. Една од нашите примарни цели во наредниот период ќе биде создавањето на услови за проширување на продажната мрежа, преку лиценцирани агенти во мрежата на Сава осигурување а.д. Скопје и заедно сопостојната продажна мрежа, што продолжува да функционира  преку експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје, да обезбедиме натамошно подобрување на кавалитетот на услугите и достапноста до сегашното и потенцијалното членство“, велат од менаџментот на „Сава пензиско друштво“ а.д. Скопје

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×