NLB Pay – прв и единствен мобилен паричник на пазарот кој ги интегрира Visa и MasterCard картичките  
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Отсега и Visa картичките во мобилниот паричник НЛБ Pay

NLB pay

НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која ги интегрира двата картични бренда Visa и MasterCard во мобилниот паричник NLB Pay. Оваа нова и единствена функционалност овозможува да ги дигитализирате сите Visa и MasterCard платежни картички издадени од НЛБ Банка во мобилниот паричник NLB Pay и да плаќате бесконтактно, само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал во земјата и во странство.

„Фокусот на НЛБ Банка е секогаш да биде прва банка на пазарот која на иновативен начин ќе одговори на потребите и барањата на своите клиенти.Пред една година го воведовме мобилниот паричник NLB Pay со дигитализација на MasterCard картичките, а денес сме горди што можеме  да одговориме позитивно на барањата на нашите клиенти со воведување и на Visa картичките. Отсега ќе може да ги дигитализирате сите картички издадени од НЛБ Банка во NLB Pay мобилниот паричник. Плаќањето е лесно, бесконтактно и безбедно и се реализира само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал.“, изјави Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

NLB Pay мобилниот паричник е мобилна апликација наменета за корисниците на платежни картички издадени од НЛБ Банка, кои поседуваат мобилен уред со Android оперативен систем кој поддржува NFC технологија.  NLB Pay мобилниот паричник овозможува бесконтактни

плаќања на ПОС терминали во земјата и во странство. Инсталирањето на NLB Pay мобилниот паричник, дигитализацијата на картичките и користењето на услугата се бесплатни.

Апликацијата е достапна за преземање на Google Play store на следниот линк

Со воведувањето на оваа услуга, НЛБ Банка продолжува да ги следи светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги кон своите клиенти. Мобилните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства, им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Повеќе информации можете да добиете на следниот линк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×