НЛБ Тутунска банка наградена од ЕБОР за највисоки достигнувања во областа на одржлива енергија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

nlbНа Церемонијата, во организација на Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), за проекти финансирани со Програмата за Западен Балкан за финансирање на одржлива енергија II (WeBSEFF II), на НЛБ Тутунска банка и беше доделена Награда за највисоки достигнувањa во финансирањето на проекти од областа на одржлива енергија.

Церемонијата на доделувањето на наградите за највисоки достигнувања во областа на енергетска ефикасност и одржлива енергија „WeBSEFF Sustainable Energy Excellence Awards 2015се одржа на 22 октомври 2015 година во Загреб.
НЛБ Тутунска банка ja продолжува соработката со Европска Банка за Обнова и Развој за финансирање на проекти од комерцијалниот и јавниот сектор во домен на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија преку кредитните линии WeBSEFF.

Преку конкурентна кредитна поддршка прилагодена на актуелните потреби на пазарот за финансирање на проекти за намалување на потрошувачката на енергија и на користење обновливи извори на енергија, НЛБ Тутунска банка придонесува за развој на еколошкиот аспект на работењето кај компаниите.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×