НЛБ Тутунска банка најдобра банка за 2015 година, според магазинот „The Banker“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

НЛБ Тутунска банка по осми пат е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2015 година“. Признанието и е доделено од страна на угледниот финансиски магазин „The Banker“  на свечена церемонија која се одржа во Лондон на 2 декември и на која присуствуваа најдобрите банки од 152 земји.

NLB tutunska

Наградата за најдобрите банки се базира на особениот успех во надминувањето на сите поставени предизвици, и согласно тоа постигнатите извонредни финансиски резултати. Осмото признание ја прави НЛБ Тутунска банка најнаградувана банка во Македонија.

За 2016 година менаџментот на НЛБ Тутунска банка најавува нов инвестициски циклус со кој ќе го подржи станбеното кредитирање на домаќинствата и проектите на микро, малите и средни претпријатија од сите стопански дејности.

„Дополнително , Банката планира нови инвестиции за проширување на деловната мрежа и за надградба на електронските сервиси и софтвери, што ќе им овозможи на клиентите брз, евтин и едноставен пристап до услугите на Банката.“

НЛБ Тутунска банка во 2014 година остварила добивка од 11 милиони евра, а за првите девет месеци од 2015 година добивката изнесува 14,6 милиони евра, што ја прави оваа банка едно од најпрофитабилните компании во земјава.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×