Connect with us

економија

No bull… и B-Good Food Co. – два нови македонски бренда кои целат кон светскиот пазар

објавено

на

По успешната приказна со светскиот пробив на брендот Mama’s, Македонија – Експорт влезе во нова маркетинг приказна: лансираат два нови бренда, NO BULL…, производи од категоријата слатки и солени грицки, како и B-GOOD FOOD Co., категорија основни намирници за секојдневна консумација. Засега производите се ексклузивно достапни во маркетите во САД, но во брзо време се планира и ширење низ другите пазари во светот.

По успешното креирање и позиционирање на брендот МАМА’С низ светот, проект во кој МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ повеќе не е дел, компанијата во изминатата година работеше на развој и лансирање на нивните два нови брендa: NO BULL… и B-GOOD FOOD Co.

По извршена детална анализа на трендовите и потребите на потрошувачите, компанијата ги избрала најквалитетните и најсоодветните производи од Македонија и регионот и усовршувајќи ја рецептурата на некои од производите, ги развиле нивните нови брендови.

Засега производите се ексклузивно достапни во маркетите во САД, но во брзо време се планира и ширење низ другите пазари во светот. Овие активности на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ се очекува да имаат позитивен ефект и на имиџот на државата, а воедно и да помогнат при зајакнување на капацитетите на домашните производители, како и извозот во целост.

“Производите веќе неполн месец се наоѓаат на полиците во маркетите во Илиноис (САД), и реакциите на потрошувачите се одлични. Сепак ова е само почеток. Сè уште сме во фаза на тестирање и адаптирање на стратегијата, но веруваме во квалитетот на производите и нашиот бренд концепт и се надеваме дека NO BULL… и B-GOOD FOOD Co. ќе се прошират за многу брзо време низ цела Америка и пошироко низ светот.” – вели Калин Бабушку, еден од сопствениците на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ.

NO BULL…(www.justnobull.com) претставува уникатен и иновативен бренд концепт, кој вклучува 9 производи од категоријата слатки и солени грицки, произведени во четири фабрики во Македонија и Србија (А.Д. ЕВРОПА, ВИТАМИНКА А.Д., СВИСЛИОН ДОО, ТАКО.РС).

B-GOOD FOOD Co. (www.b-goodfood.com) од друга страна е бренд кој ги промовира најквалитетните производи од Македонија и регионот од категоријата основни намирници за секојдневна консумација (ориз, грав, брашно, масло итн.). Како прв производ кој е лансиран од оваа програма е нашиот познат кочански ориз.

Дополнително, од компанијата велат дека целта им е да ги позиционираат овие производи во повисок сегмент, бидејќи веруваат дека ваквите производи заслужуваат да бидат вреднувани повеќе.

“Ние сме мал креативен тим од ентузијасти кои се трудат да ја прикажат нашата земја во позитивно светло и да му покажат на светот дека Македонија има потенцијал да развива брендови кои може да се носат рамо до рамо со најголемите светски имиња. Но, освојувањето на светот не може да го правиме сами. За таа цел потребна ни е поддршка од сите оние кои имаат пријатели и контакти во Америка или било каде низ светот – ги замолуваме сите припадници во оваа група да ги споделат нашите брендови со својата мрежа на познаници, со надеж дека информацијата ќе стигне до заинтересираните страни.” – повикува Јоана Шикоска, менаџер за комуникации во компанијата.

менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок