Нора Алити: Да се биде ефективен регулатор е прашање на интегритет, кредибилитет, доверба и почит
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Nora AlitiПретседателката на КХВ, Нора Алити, се обрати на отворањето на Берзанската конференција

На отворањето на Конференцијата се обрати и претседателката на Комисијата за хартии од вредност, г-ѓа Нора Алити, којашто правејќи интересна паралела со спортот, истакна дека цел на КХВ е да се постават еднакви услови на игра, со правила кој што не би фаворизирале еден наспроти друг учесник.
“Да се постават граници кои се јасни, конзистентни и предвидливи, но, во рамките на тие, да им овозможуваме на компаниите да иновираат, да развиваат нови пристапи и да понудат нови финансиски инструменти. Заштита на инвеститорите без да се спречи подобрување на пазарот преку иновации е она што го имаме на ум додека работиме на поддршка на иницијативата на берзата за воведување на crowdfunding платформи.“, рече Алити и додаде дека признавањето на перпетуалните обврзници како хартии од вредност и последователно одобрување на емисијата на првите перпетуални обврзници на нашиот пазар исто така ѝ служи на таа цел.
„Јас силно верувам дека да се биде ефективен регулатор, потребно ни е повеќе отколку само авторитетот кои што го извлекуваме од нашиот матичен закон. Тоа е прашање на интегритет, кредибилитет, доверба и почит. Затоа како Комисија, неопходно е да ја ревидираме и нашата работа, да ги ревидираме правилата кои што не функционираат или пак не се фер, и да демонстрираме подготвеност да ги промениме. Најлошото нешто што може да се случи на фудбалскиот терен, како и во нашата индустрија, е судијата и играчите да се сметаат себеси како непријатели.
Затоа, во првите 30 дена од мандатот на овој состав на Комисијата, го затворивме повеќегодишното отворено прашање помеѓу Комисијата, Берзата и Депозитарот во врска со тарифникот, односно го променивме концептот за наплата на надоместокот за надзор, па наместо од пазарна капитализација истиот сега се пресметува врз база на остварените приходи од дејност на овие субјекти, со што Комисијата гради репутација на фер и праведен регулатор. Добар регулатор е катализатор на економскиот развој, а не кочничар.“, рече, исто така, Алити.
Таа објасни дека во оваа насока, со измените на Законот за преземање на акционерски друштва, на инвеститорите им се дава можност за давање на понуда за преземање, дури и во случај да го надминат контролниот праг, со што и кај нив се зголемува сигурноста дека регулаторот нема веднаш да пристапи кон примена на мерки во случај на купување на повеќе од 25% од акциите на целното друштво.
Алити додаде и дека во насока на спречување на појавата на заобиколување на правилата, а со цел зајакнување на заштитата на малцинските акционери, со измените на споменатиот закон, се проширија критериумите за утврдување на заедничко дејствување. Со тоа се овозможи проширена надлежност на регулаторот и поголема сигурност на акционерите дека нивните права ќе бидат почитувани.
„Еден од главните настани на хоризонтот е замената на Законот за хартии од вредност со два нови закони, односно со Закон за финансиски инструменти и закон за проспекти и обврски на издавачите за транспарентност. Односно, воведување на регулативите MiFID II и Регулативата за спречување на злоупотреба на пазарот како и директивата за проспекти и транспарентност во нашата законодавна рамка. Во напорите да бидеме подготвени за иднината, Комисијата ја има прилагодено организациската структура и поставеност, инвестира во технологијата и ќе ги зголеми човечките ресурси. Знам дека импактот на оваа легислатива, промените што истата ќе ги воведе се доста значајни и за регулираните субјекти и за инвеститорите но и за регулаторот. Но сè на сè, верувам дека промените ќе бидат позитивни во однос на подобрување на заштитата на интегритетот на пазарот и на инвеститорите, како и подобрувањето на компетитивноста. “

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×