Нордиските земји доминираат во Топ 10 на листата најсреќни земји во светот
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Главно нордиските држави се во Топ 10 на листата најсреќни земји во светот што ја изготвува SDSN (Sustainable Development Solutions Network ), глобалната иницијатива покрената од Обединетите нации во 2012 година, што вклучува независна мрежа од истражувачки центри и универзитети.

„Светскиот извештај за среќа 2017“ (World Happiness Report 2017) вели дека најсреќни жители има Норвешка, по која следат Данска, Исланд, Швајцарија, Финска, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Шведска.

Македонија е на ниското 92 место.

Од регионот најдобра е Словенија на 62 место, следи Србија на 73, па Хрватска на 77, Косово на 78, Црна Гора на 83, Грција на 87 и Босна и Херцеговина на 90. Од нас, во конкуренција на регионот, полоши се Бугарија, која светскиот извештај за среќата ја рангира на 105 место, и Албанија, на 109.

Извештајот се базира на анкета спроведена врз 3.000 луѓе во над 150 држави, oд кои се бара да го оценат задоволството од нивните животи на скала од 0 до 10. Истражувачите потоа на повеќе начини ги толкуваат резултатите – го земаат предвид БДП по жител, животниот век, поддршката од роднините и пријателите, дарувањето во добротворни цели, слободата да се прават животни избори, подразбираните нивоа на корумпираност на владите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×