Норвешка сака да го ограничи купувањето луксузни електрични автомобили
Објавено на од во hi-tech & business

Норвешка планира да го намали даночниот кредит за електромобили, благодарени на кој државата стана трета во светот по бројот на возила на струја. Владата на земјата предложи во буџетот за 2018 година да се користи помала привилегија при регистрирањето и оданочувањето на електрични автомобили со тежина над два тони. Медиумите го нарекоа предлогот „данок Tesla“, поради согледувањето дека е насочен кон модели од видот на Model X од американската компанија на Илон Маск. Математиките на норвешките новинари покажуваат дека ако мерката биде прифатена, цената на Model X во државата ќе се зголеми за 70.000 круни, или за 7.500 евра.

„Електричните возила ќе продолжат да се користат со значителни предности во однос на оние на фосилни горива“, се вели во текстот на владиниот предлог. Промената нема да го засегне намалениот ДДВ и бонусите за нула јаглеродни емисии.

Лани електричните автомобили достигнаа во Норвешка 29% од новите регистрации. Далеку поназад се дури и високо развиените Холандија (6,4%) и Шведска (3,4%).

Во првите 9 месеци од 2017 продажбата на Tesla порасна за скоро 90%, до 4.717 возила. Во истиот период од 2016 бројката беше околу 2.500, вели официјалната статистика. Растат продажбите и на други компании, како Nissan и Volkswagen.

Норвешкиот министер за животна средина, Видар Хелгсен, изјави дека големите електрични автомобили ги амортизираат патиштата повеќе од нормалните коли. Освен тоа, целта на субвенциите била да се стимулираат малите локални производители, а не луксузниот увоз за богатите Норвежани.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×