Нов договор на Маровиќ со Обвинителството: Три години и 10 месеци затвор и милион евра да ѝ врати на државата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на поранешната Државна заедница на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ, кој е обвинет за корупција и злоупотреба на власта постигна нов договор со Обвинителството во Подгорица, со што доби вкупна казна затвор од 46 месеци, објавија денеска црногорските медиуми.

Тој вчера призна дека ја злоупотребил службената положба при изградба на два објекти и при продажба на земјиште.

Маровиќ, кој е поранешен функционер на владејачката Демократска партија на социјалистите, на 5. септември беше осуден на 22 месеци затвор поради корупција при изградба на објекти на црногорскиот брег на Јадранско Море. Тој треба да врати ѝ 1,1 милиони евра на државата и да плати казна во висина од 50.000 евра.

За новите злоуппотреби што Маровиќ ги призна пред Обвинителството, осуден е на 24 месеци затвор и да уплати уште 50.000 евра за хуманитарни цели.

Пресметано со претходната пресуда Маровиќ ќе биде во затвор вкупно три години и 10 месеци.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×