Нов иновативен уред во најава: Dragonfly Futurefön, паметен телефон, таблет и лаптоп во еден уред
Објавено на од во hi-tech & business
Нема повеќе купување, носење и користење на 3 или повеќе уреди за работа, играње или комуницирање. Конечно, постои еден уред кој ги обединува сите нив!

Искрено, оваа идеја е навистина неверојатна. Пазарот на мобилни уреди се зголеми значително во текот на годините и создаде бројни причини за потрошувачите да поседуваат барем по еден паметен телефон, таблет и лаптоп. Но, проблемот со кој ниту една од познатите брендови во оваа индустрија не успеа да се справи е непрактичноста да се носат сите уреди истовремено. Dragonfly Futurefön можеби ќе даде решение.

Оваа интересна хибридна комбинација е проект на фирмата од Сан Фанциско, INDIEGOGO. Моменталините критики за овој уред се во рамките од тоа дека е генијален, до тоа дека е тотално промашен. Скептицизмот се базира на фактот дека ваков уред неможе да функционира нормално. Во принцип критиките се дека тоа би бил преголем мобилен телефон, премал таблет и нефункционален лаптоп?

Во секој случај пазарот и времето ќе го каже своето, а еве ги неговите технички карактеристики:
  • Има два 7-инчни екрани, од кои едниот служи како главен екран, додека другиот се вади и може да биде и телефон и таблет.
  • Уредот има верзија Android и Windroid.
  • Лаптопот на Dragonfly Futurefön има импресивен 2.0GHz i7 процесор, 4 GB RAM меморија и 256 GB внатрешна простор за складирање, кумулативни 8-часа на батеријата и четири камери.
  • На phablet-от има Qualcomm Snapdragon 801 чип кој е придвижуван од 2,5 GHz quadcore процесор, има 3GB RAM меморија, и има интегриранo паметнo пенкало.

Повеќе информации (цена/перформанси/набавка) може да добиете на следниот линк:

https://www.indiegogo.com/projects/the-dragonfly-futurefon–3#/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×