Нов јавен повик на Фонд за иновации и технолошки развој за „стартап“ и „спиноф компании“
Објавено на од во Start-up

Вкупниот  буџет на повикот е еден милион евра, a максималната сума која може да биде доделена од страна на ФИТР  е до 85% од вкупната вредност на проектот, односно 30.000 евра. Останатите 15% ги обезбедува самиот апликант.

startapuvaj_ekonomski_22-10-18_6

 

 

 

 

 

 

 

Фондот за иновации и технолошки развој го објави новиот јавен повик за финансиска поддршка за новоосновани стартап и спиноф компании. Презентацијата на инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва стартап и спиноф, како и критериумите и условите за аплицирање се одржа на Економскиот факултет во Скопје. Во фокусот на оваа програма поддржана од Светска Банка се младите, а целта е поттикнување на иновативноста преку истражување и развој на нови бизниси.

Пред студентите и претставниците на бизнис заедницата, првиот човек на ФИТР, Јован Деспотовски се осврна на актуелните активности на Фондот порачувајќи им да се охрабрат и да аплицираат:

„Фондот им дава приоритет на младите бидејќи тие се идните двигатели на економскиот раст. Токму она на коешто интензивно работиме во моментов е да го поттикнеме потенцијалот на иновативноста во сите индустрии индустрии, вклучително и финансиската. Би го охрабрил овој факултет и сите други факултети во државата да станат работилници за валоризација на идеи од кои ќе произлеат нови успешни предлог проекти“.

Деспотовски ги повика и младите да ги искористат можностите што ги нуди Фондот.

“Ги повикувам младите да почнат да размислуваат како целосно да се реализираат тука, дома, за да создадеме генерации кои нема да бидат јавни службеници или ќе го поттикнуваат економскиот раст на некоја странска земја, туку ќе се реализираат тука,“ образложи Деспотовски.

startapuvaj_ekonomski_22-10-18_15

Презентацијата на инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва стартап и спиноф се одржа на Економскиот факултет во Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Д-р Сашо Арсов, како домаќин на настанот и раководител на катедрата по менаџмент,  се осврна на актуелниот јаз помеѓу реализацијата на добра бизнис идеја и конкретната финансиска помош за нејзино материјализирање, и го посочи токму Фондот како институција која успешно ја пополнува таа празнина.

„Добро е познато во економијата дека компаниите кои вработуваат луѓе со добри и иновативни идеи и проекти остваруваат подобра позиција на пазарот и економски просперитет. Младите луѓе со нивните иновативни продукти го зголемуваат и потенцијалот на самите компании. Македонија треба тие млади луѓе и проекти да ги апсорбира во економијата. А јазот што сме свесни дека постои меѓу добрата идеја и нејзината реализација се пополнува со Фондот за иновации и технолошки развој, кој финансира токму вакви проекти.“ потенцира д-р Арсов.

Професор Арсов ги повика пред сѐ студентите, но и останатите присутни на настанот, да се охрабрат да работат на своите идеи и да аплицираат на јавните повици на ФИТР.

Вкупниот  буџет на повикот е 1 милион евра (61.500.000,00 денари). Максималната сума која може да биде доделена од страна на ФИТР  е до 85% од вкупната вредност на проектот, односно 30.000 евра. Останатите 15 проценти ги обезбедува самиот апликант.

Јавниот повик за кофинансирани грантови за стартап и спиноф компании на Фонд за иновации и технолошки развој е објавен денес (22.10.2018 год), и ќе трае до 11 декември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×