Нов кеш кредит на Охридска банка за купување производи од Нептун
Објавено на од во Компании
Кредитот има фискна и гарантирана каматна стапка за целото времетраење на отплатата. Апликантите не се обврзани да примаат плата преку Охридска банка Сосиете Женерал.
digitalen-poster-1200x1920-pikseli

Охридска банка Сосиете Женерал во своето портфолио воведува нов Кеш кредит
наменет за купување на производи во Нептун, со промотивни услови во претстојниот
период до 31.12.2017. Имено, во рамките на промотивниот период, клиентите кои ќе го одберат овој Кеш
кредит, имаат можност да купуваат производи во сите продажни места на Нептун во
максимален износ до 120.000 денари.
Аплицирањето за кредитот може да се врши директно, на самото продажно место на
Нептун, или пак онлајн, преку веб страницата на Банката.
Во рамките на промотивниот период, клиентите се ослободени од плаќање на
административниот трошок за апликација за овој кредит. Дополнително, важна
карактеристика на кредитот е дека има фискна и гарантирана каматна стапка за целото
времетраење на отплатата. Апликантите за Кеш кредит за купување на производи во
Нептун, не се обврзани да примаат плата преку Охридска банка Сосиете Женерал.
Со цел уште повеќе да излеземе во пресрет на нашите клиенти, со овој наменски кеш
кредит, им овозможуваме бесплатно осигурување на купените производи во првата
година од отплатата на кредитот.
“За уште повеќе да го олесниме купувањето на производи, воведовме и една
бенефиција за имателите на Мастер Кард кредитните картички на Охридска банка
Сосиете Женерал, односно во рамки на промотивниот период клиентите имаат
можност да купуваат производи од Нептун до 12 рати без камата, најдоцна до
31.12.2017 година.”, велат од Охридска банка.
Повеќе информации клиентите можат да најдат на веб-страницата на Охридска банка
Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, и во експозитурите на Банката ширум
земјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×