Нов македонски стартап: Резервирај.мк – партнер за лесни резервации
Објавено на од во hi-tech & business

Денеска официјално е лансиран новиот македонски стартап, Резервирај.мк, виртуелен менаџер што ќе им помога на корисниците брзо и лесно да резервираат маса на одреден настан во одреден локал.

„Тоа можете да го направите преку избирање на посакуваната маса од визуелна мапа на локалот, каде што бирате каде сакате да седите, или пак со пополнување на едноставен формулар. Веднаш потоа потврдата за вашата сигурна резервација ќе Ви пристигне на емаил адреса“, објаснуваат од Резервирај.мк.

Зад Резервирај.мк стои тимот на младиот македонски стартап SolutionsBit, кој постои нешто повеќе од 5 месеци. Тимот претходно неформално постоеше како Dream Killers и победија на технолошкиот маратон Codefest 2016. Ко-основачите на SolutionsBit, Христиан Илиоски, Никола Кусибојовски, Васко Теохаров и Симеон Здравески, велат дека се одлучиле за вакво решение, затоа што заклучиле дека постои проблем во организирањето на настаните во сите локали низ Македонија, а и пошироко низ Балканот.

„Целта е да им се помогне не само на корисниците кои ќе можат да проверат дали има слободно место и да си резервираат, туку и на локалите. Работата на локалите ќе биде поедноставна. Отсега ќе имаат веб платформа, преку која ќе можат да ги организираат настаните, да водат евиденција за резервациите, кои промоции ги нудат, колку гости присуствувале и сѐ останато што на еден менаџер или сопственик на локал би можело да му биде од корист и би му ја олеснило работата“, изјавија од тимот.

Rezerviraj.mk од денес е активна и веќе можете да ги видете првите локали кои што се наоѓаат на платформата и каде сѐ можете да резервирате.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×