НОВ ОБЈЕКТ НА ФУДБАЛСКА АКАДЕМИЈА ФК ВАРДАР
Објавено на од во Спорт
51По повод големиот христијански празник Велигден, ФК Вардар на најмладите во Македонија им подарува фудбалска академија со највисоки светски стандарди.

 

По повод големиот христијански празник Велигден, ФК Вардар на најмладите во Македонија им подарува фудбалска академија со највисоки светски стандарди.

Фудбалската академија ФК Вардар е институција за развој на млади фудбалски индивидуи кои директно треба да влијаат на фудбалската иднина во Македонија. Работата е организирана според стандардите на еминентните клубови кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите – која исто така е цел и план на ФК Вардар.
Овој проект е од суштествено значење за националните интереси на Р. Македонија поради фактот што секое детенце кое е член на Фудбалската академија Вардар е со огромен потенцијал да стане македонски репрезентативец.

Социјалниот аспект од реализацијата на овој капитален објект е директниот инпут кон развој на спортот и здрави спортски навики кон младите, а исто така овој проект е директна бариера на младите од актуелните пороци на 21-ви век кои се застапени насекаде на светот, па и во Република Македонија.

Институција од овој тип е изградена за прв пат во историјата на Република Македонија и ќе биде локален и регионален лидер во креирањето на нови фудбалски надежи.

Од компаративен аспект би сакале да потенцираме дека најблиску во регионот академија од ваков тип има фудбалскиот клуб Партизан, кој реално продуцира фудбалски таленти и е дел од еминентните фудбалски натпреварувања како Лигата на Европа и групната фаза на Лигата на шампиони.

“Објектот е проектиран од Балкан Груп Констракшн. Се работи за модерен дизајн во елипсовидна форма, согласно со просторот и во насока на визуелна адаптација со Националната Арена Филип Втори. Фудбалската академија ФК Вардар е со површина од 1.152 m2 во кој се сместени 6 соблекувални за децата и тренерите, простор за видео презентации, администатиен простор и други помошни простории. Сите останати простории се опремени централна вентилација со греење и ладење, како и со подно греење. Обезбедени се 50-тина паркинг места, за потребите на објектот. Објектот е осветлен со лед светилки, кои навечер даваат посебен ефект и амбиент. Во екстериерот и ентериерот на објектот доминираат црвената и црната боја и амблемите како симбол на ФК Вардар”,изјави Марио Кофилоски, директор на Фудбалската академија ФК Вардарна презентацијата на овој објект кој е од есенцијална важност за развојот на фудбалот како спорт во Македонија.

Денес во ФК Вардар професионално тренираат околу 500 млади деца, додека дел од регионалната фудбалската академијата се вкупно 1.000 деца. Со реализацијата на оваа институција се поттикна голем интерес кај јавноста и се подигна нивото на репутација од аспект на високи стандарди во едукација и напредок на фудбалери од најмладите категории како стартна основа за изградба на идни врвни поединци од светски калибар.

“Терените се со вештачка трева поради можноста тренинзите да се одвиваат во разни временски услови. Сите услови што ги нуди академијата се одговараат со високите стандарди на професионалните клубови од светски ранг. Слободно можам да кажам дека академијата на ФК Вардар ги исполнува сите услови за создавање на врвни фудбалери кои во иднина ќе ги гледаме во ФК Вардар, репрезентацијата на Македонија или во некои големи европски клубови“, изјави Павел Неделковски, координатор на детската школа ФК Вардар.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×