Нов пешачки мост, донација од „Орка Холдинг АД Скопје“, ќе го краси град Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Со цел разубавување на кејот на реката Вардар, но внимавајќи и на функционалниот аспект и потребите на граѓаните, компанијата „Орка Холдинг АД Скопје“ одвои речиси еден милион евра за донација за градење на нов пешачки мост кој ги спојува левиот и десниот брег на реката Вардар во општината Карпош.

Градот Скопје ја прифати донацијата и со тоа ја превзема обврската за одржување на мостот и негов упис во катастарот на недвижности.

Компанијата „Орка Холдинг АД Скопје“ ги одвои овие средства за градење на мостот „Илија Камчев“ по повод 30-годишнината од постоењето на Холдингот. Истиот веруваме дека претставува нов симбол кој ќе ја разубавува општината и истовремено ќе одговори на потребите на граѓаните на оваа општина, но и на граѓаните од целиот град со што ќе се подобри нивниот квалитет на живеење.

Пешачкиот мост е поставен на два бетонски столба и изработен од челична конструкција, а инфраструктурно ги поврзува двата брега на реката Вардар кај Клиничката Болница ,,Аџибадем Систина’’.

Оваа донација на компанијата „Орка Холдинг АД Скопје“ е потврда за нејзината посветеност кон континуирано докажување дека истата со активностите кои ги превзема во своето работење истовремено цели кон високо ниво на општествена одговорност и создавање на значајни вредности за иднината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×