Нов ризик од нов пад на цените на нафтата под 40 долари за барел
Објавено на од во Економија
Пред неколку недели, можноста да се стави крај на ограничениот принос за земјите од ОПЕК и нивните партнери изгледаше реална. Сега, сепак, лидерот на Саудиска Арабија настојува моменталното производство да биде запазено, а и тие самите, Саудиска Арабија, да го ограничат уште повеќе своето производство поради ризикот од нов, поголем пад на цените на нафтата.
oil camilПретходно оваа недела, претставниците на Кралството и Русија разговараа за сценариото на понатамошно опаѓање на цената на нафтата под 40 долари за барел, што покажува дека пазарните услови брзо се влошуваат. Слична е ситуацијата и ако сите производители на ОПЕК и нивните партнери не се согласат со продолжување на ограничувањата во производството.
“Денес се соочуваме со висок ризик од преголемо снабдување”, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак по состанокот.
“Постои ризик дека цените ќе паднат до 30 долари за барел, бидејќи ОПЕК и неговите сојузници можат да произведат повеќе нафта до крајот на годината отколку што е на пазарот”, рече тој.
Од своја страна, Саудиска Арабија очајно сака да го избегне ова најлошото сценарио. “И на билатерално ниво, и на ниво на членки на  ОПЕК +, ние работиме на превентивни мерки за спречување на тоа да се случи”, рече министерот за енергија на Саудиска Арабија, Калид ал-Фалих.
Според Блумберг од Ријад, Москва се надева на политиката на ограничен принос. За да се постигне оваа цел, од Кралството се подготвени да направат сериозни инвестиции во неколку руски проекти, вклучувајќи го и наоѓалиштето за течен природен гас Arctic LNG 2, да купат удел од петрохемиската компанија Sibur Holding, како и да е партнер со Gazprom и Rosneft.
Во меѓувреме, очекувањата за нафтениот пазар брзо се влошуваат. Пред помалку од еден месец, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предвиде значителен недостиг на понуда во вториот квартал и покрај забавената побарувачка. Но, оттогаш работите се променети многу, а нафтениот пазар го забележа својот најлош месец од финансиската криза, според цените на нафтата.
Се’ повеќе и повеќе аналитичари излегуваат со не многу ветувачки прогнози за следната година.
“Рамнотежата за 2020 година е веќе загрижувачка, а падот на побарувачката што го очекуваме ќе го направи пазарот уште потежок”, вели Роџер Дајан од HIS Markit.
Поважно е да се забележи дека многу експерти предвидуваат преголемото снабдување во следната година, дури и влошување на ситуацијата во Иран и Венецуела.
S & P Global Platts проценува дека вишокот би можел да достигне 400.000 барели дневно во 2020 година. Според ИЕА, овој волумен ќе биде во опсег од 100.000 барели дневно, а според ХИС Маркит, прогнозата оди значително повисоко – 800.000 барели дневно.
“Постојат растечки фактори за очекувањата за пад на побарувачката”, вели Мартин Ратс, аналитичар во “Морган Стенли”. Трската војна помеѓу САД и Кина, исто така, предизвикува страв од забавување на растот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×