Нов успех на македонските претприемачи
Објавено на од во Start-up

start up glavnaКако Cognism доби половина милион долари инвестиција

Имавме привилегија први да ја слушнеме приказната на Cognism, стартап што развива софтвери за автоматизација на продажните процеси, а кој штотуку доби инвестиција од 500 илјади долари. Компанијата има канцеларии во Лондон и Скопје, а во тимот се вклучени и луѓе од неколку други земји.

 

16-21- Finansiranje na startapi-3Секој што се занимава со продажба знае колку е тешко да се дојде до квалитетни бази на потенцијални купувачи, затоа и продажните тимови се “тепаат“ за секој т.н. “лид“ (од анг. lead), односно секој контакт кој што може да води до продажба. “Лид“ може да биде личност или организација која покажува заинтересираност за производите/услугите на една компанија, а логиката покажува дека тој што на некаков начин веќе покажал интерес за нешто што нудите, е најизгледен купувач.

Cognism e британско – македонски стартап кој што развива софтвер за автоматско генерирање и ажурирање на вакви “лидови“ и со тоа може да му помогне на секој продажен тим поефикасно да го направи овој процес на подготовка. Стартапот неодамна доби инвестиција од половина милион долари од неколку институционални вложувачи и бизнис ангели, со која што треба да ги надгради своите продукти и да ја прошири меѓународната продажба.

Како што вели Стјепан Буљат, хрватски програмер кој што е главен менаџер за технологија во Cognism, во светски рамки се проценува дека на сегментот на генерирање продажни “лидови“ отпаѓа 8-10% од вредноста на пазарот на големопродажба, односно business- to business пазарот. Тоа значи дека во Германија, компаниите трошат годишно околу 43 милијарди евра за софтвер и различни услуги за генерирање квалитетни “лидови“, во Јапонија 49 милјарди долари, а во САД 172 милијарди долари.

Душан Гајиќ е македонски програмер, дел од меѓународната екипа на Cognism, кој што има канцеларии во Лондон и Скопје. Во компанијата работат уште неколку луѓе, сместени на различни локации – Хрватска, САД…Основач и извршен директор на Cognism е Британецот Џејмс Исилеј, кој што пак, долго време работи и во Швајцарија.

16-21- Finansiranje na startapi-3-1Со Душан разговаравме за тоа што го работат во моментов, односно продуктите за чие што доразвивање всушност и ги добија парите од инвеститорите.

“Имаме два клучни продукти во моментов: Sales Prospector, софтверско решение што им помага на компаниите да најдат нови можности за продажба, како и CRM Refresh, сервис што овозможува податоците во делот на customer relations management (управување со односите кон клиентите) да бидат постојано обновени и свежи, што исто така, ќе овозможи нови прилики за продажба“, објаснува Гајиќ.

Тој додава дека во развојот на своите софтвери користат технологии на процесирање на природни јазици (Natural Language Processing) со цел да идентификуваат нови продажни “лидови“во најразлични текстови од медиумски и други извори. Тука е и  технологијата на машинско учење (Мachine Learning) што овозможува пак, да се сфати од мноштвото податоци со кои располага една компанија, кои се профилите на нејзините идеални купувачи и сето тоа да се искористи за добивање на нови “лидови“, нешто што самите компании не би можеле самите да го идентификуваат преку сопствените продажни процеси.

16-21- Finansiranje na startapi-2Financial Times меѓу првите клиенти

Софтверските решенија на Cognism “копаат“ податоци од извори како Reuters, Associated Press, Financial Times, но и од многу други релевантни извори на интернет. На својот вебсајт компанијата истакнува дека веќе сега кон своите клиенти канализира информации од повеќе од 115 милиони компании и клучни бизнис играчи од цел свет.

“Financial Times всушност е еден од нашите први клиенти, односно тие користеа апликација што им помага да сфатат  и да предвидат најразлични пазарни трендови, на пример зошто пазарот на нафта се движи во одредена насока, сето тоа преку анализа на многу информации, вести и сл., собрани од огромен број извори. Од FT, но и од останатите клиенти, како  Guardian Wealth Management, Parabolic Asset Management  и др., потоа добивавме фидбек и го усовршувавме  нашиот софтвер кон уште поголемо забрзување на продажните процеси“, вели Гајиќ.

Од Скопје преку Skype разговаравме и со Џејмс Исилеј, основачот и извршен директор на Cognism. Тој е задоволен што успеале да добијат инвестиција што ќе им помогне да ги усовршат своите продукти и да пораснат како бизнис, особено пак што доаѓа од група на повеќе инвеститори.
“Тоа ни е некаков доказ дека имаме продукт што навистина вреди и има потенцијал за глобална експанзија“, вели Исилеј.

Инаку, за самиот процес на привлекување инвеститори вели дека не бил едноставен, а траел околу шест месеци.

“Британија во моментов има доста поволна клима за развој на стартапи, владата нуди даночни олеснувања за бизнис ангели што се спремни да вложат во стартапи кои се во рана фаза, па природно беше да почнеме потрага по инвеститори во Лондон. Аплициравме кај повеќе бизнис ангели, и од еден добивме и иницијална понуда, но истовремено Душан направи контакт со швајцарската компанија Netcetera, како и со фондот SC Ventures, кој што се вклучи во инвестициската рунда. На крајот, Netcetera стана нашиот т.н. водечки инвеститор, без каков што, всушност е многу тешко да ја заокружиш инвестицијата. Така што, имавме доста среќа што се поврзавме со Netcetera во вистинско време“, ни ја раскажа Исилеј накусо историјата за тоа како дошле до инвестицијата од 500 илјади долари.

Тој додава дека за да ја “продадеш“ сопствената приказна на инвеститорите, треба да им покажеш дека правиш реален приход во моментот, дека всушност постои некаква побарувачка за твојот производ или услуга.

“Многу е тешко да ве финансираат врз основа само на идеја, освен ако не сте успешен сериски претприемач, односно сте докажале претходно дека знаете да направите добар производ“, вели Исилеј, кој што е инженер за информатички технологии, вљубеник во програмирањето, а има големо искуство и во финансиската индустрија како брокер.


Timot na Cognism

Дел од тимот на Cognism (од лево): Стјепан Буљат, менаџер за технологија, Џејмс Исилеј, основач и Душан Гајиќ, девелопер

Што со 500-те илјади долари

Парите ќе се искористат за усовршување на продуктот и развој на продажна мрежа

Иако е стар само година и половина, Cognism од организациски и инвестициски аспект, веќе стана меѓународна приказна. Водечки инвеститор (lead investor) во Cognism, кој што досега порасна на десетина вработени во Македонија, Британија и Хрватска, е софтверската компанија Netcetera, со седиште во Швајцарија, а која што има своја канцеларија и во Македонија, со преку сто вработени. Таа вложи половина од износот, а остатокот дојде од регионалниот венчр капитал фонд SCV, кој што исто така има канцеларија во Македонија, потоа од кинескиот фонд Tsingbay Venture Capital, и бизнис ангелите Том Џејмс, Џејмс Ходсон и Усман Кан.

Џејмс Исилеј, основачот и извршен директор на Cognism вели дека самиот инвестициски процес им донесол одлични советници, како Netcetera и Том Џејмс, кои што се сега и во бордот на компанијата, компании и поединци што досега развиле глобално успешни бизниси.

“Тие ни помогнаа појасно да видиме каде сакаме да се движиме, а сега треба да ги надградиме своите продукти и  да почнеме со сериозна продажба глобално. За тоа ќе ни треба усовршување на софтверскиот механизам за учење и развој на меѓународна мрежа за продажба, првенствено во САД. Исто така, планираме да направиме центар за развој на софтвер во Македонија. Дел од инвестицијата што ја добивме ќе биде искористен токму во таа насока:  за ангажирање повеќе програмери и други професионалци што ни се потребни. Подоцна финансиски ќе помогнеме и развој на софтвер од страна на студенти“,  рече Исилеј за Капитал.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×