Нов заканувачки сигнал за падот на производството во Германија
Објавено на од во Економија

Индустријата на најголемата економија во Европа претрпе уште еден силен удар овој месец. Индексот на производство падна на најниско ниво за 7 години, пишува Блумберг.

герман индустриГерманскиот IPPM падна на 43,1 од 45 поени. Падот ги надминува дури и најпесимистичките прогнози на аналитичарите. Секторот за услуги е ослабен.

“Состојбата на производството во Германија премина од лошо во заканувачко, во јули”, вели Фил Смит, економист во IHS Markit. Според него, лошите показатели за состојбата на економијата во земјата го зголемуваат ризикот од блага до умерена техничка рецесија.

Слабеењето на германската економија е силно изразено во автомобилскиот сектор. Компаниите од „Континентал АГ“ до „Дајмлер АГ“ чувствуваат негативен ефект од падот на глобалната побарувачка.

Сепак, има проблесоци. На пример, германскиот хемиски гигант BASF SE ја најави, овој месец, очекуваната добивка порано од вообичаеното.

Во меѓувреме европските обврзници и еврото паднаа.

Германските и француските хартии од вредност изгубиле 2 базични поени од -0,38%. Единствената валута падна за 0,2% на 1,1127 долари, што е најзначаен пад од 30 мај.

Покрај тековните проблеми, сепак, економијата бр. 1 во Европа исто така е загрозена од друг проблем – нивото на Рајна, која е критична за бизнисот. Поради високите температури и ниските дождови, нивото на реката драстично се намалува, што ќе го ограничи транспортот.

Рајна е најважниот меѓународен пат во Европа. Со должина од 1.290 километри, деловната артерија минува низ индустриски зони во во Шведска, Германија и Холандија.

Таа е клучна за транспортот на јагленот, железна руда, земјоделски препарати, авто делови. Последно, во 2018 година, нивото на реката падна и го блокираше превозот, што доведе до контракција во економијата на земјата.

Додека растот на услужниот сектор останува позитивен – работниците вработуваат во услужниот сектор, но новите знаци на продлабочување на индустриското заостанување не даваат надеж дека еврозоната ќе закрепне во втората половина од 2019 година.

“Сепак, стабилниот раст во услужниот сектор значи дека германската економија успеа да ја задржи својата глава над водата засега, но и тука има знаци на поголема загриженост кај компаниите”, рече Смит.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×