Нова економска криза му се заканува на светот
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Шансите за рецесија повторно се многу високи и постојано растат, проценуваат од банката Ситигруп, предупредувајќи на нова економска криза во неколкугодишниот стабилен глобален раст.

„Растот на светската економија е на многу несигурно ниво,  по две до три години на релативен мир“, велат од тимот на економисти на Ситигруп, предводен од Вилијам Битер, прнесува Блумберг.

„Долготрајните проблеми во светската економија се однесуваат на структурното и циклично забавување на Кина, и нејзиниот неодржлив режим на девизниот курс, потоа на оргомното ниво на долгот во многу земји во светот, како и на тековната регионална и глобална геополитичка криза“, наведуваат економистите.

Тие истовремено ја ревидираа својата прогноза за растот на глобалната економија за тековнмата година на 2,5 %, од претходните 2,7 %.

Во заклучокот на извештајот Ситигруп наведува дека за избегнување на рецесија и натамошно забавување на потенцијалниот раст на БДП, на светот му е потребна лабава монетарна политика комбинирана со фискални потикнувања и структурални реформи.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×