Нова епизода од политичката напнатост
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Greece TurkeyИсточен Медитеран 2020

Причината за новата ескалација во односите меѓу Атина и Анкара доаѓа откако Турција најави почеток на истражување нафта и гас на истокот на Средоземното море, во областа на околу 180 километри од грчкиот остров Кастелоризо. Турција тврди дека истражувањето се одвива во нејзиниот континентален појас, а Грција дека спорната област се наоѓа исклучиво во нејзината економска зона. Овој спор може да ескалира поради тврдите позиции на обете страни, кои не ја исклучуваат можноста за воено решение.

Институт ИФИМЕС, Љубљана

Источниот Медитеран во моментов доживува нов циклус на политички тензии меѓу Турција и Грција, кои припаѓаат на истиот систем и се членки на Северноатлантскиот сојуз на НАТО. Спорот се одвива околу природните ресурси како што е гасот, но всушност станува збор за избувнување на старото историско непријателство, кое произлегува од договорот што ги обележа денешните граници на Република Турција по распадот на Отоманската империја, а турската влада сака да ја поправи оваа историска (не) правда. Историската меморија сè уште остава свој белег во сегашноста, така што сегашните тензии на истокот на Средоземното море, меѓу Турција и Грција, не се само прашање на природни ресурси, откриени во последниве години, туку потекнуваат од историски несогласувања кои датираат од пред скоро еден век.
Во последниве години, источниот Медитеран се претвори во своевидна воена зона поради војната во Сирија и интервенцијата на меѓународните фактори, особено на САД и Русија. Откако сириската криза релативно се смири и се наоѓа во некоја фаза на статус кво состојба, се појави нова / стара криза, односно конфликтот околу гасот и морската граница.
Две сојузништва во Медитеранот
Регионот сега е поделен на два сојуза. Грција ја има поддршката од Франција, Египет и Кипар, додека на другата страна е Турција, која ужива релативни симпатии од САД и некои арапски земји како Либија, Алжир и Катар. Спорот се одвива околу разграничувањето на територијалните води во Медитеранот, каде што територијалните води се преклопуваат и се пресекуваат. Конвенцијата на ООН за поморско право од 1982 година не е во можност да даде дефинитивни одговори во врска со постојниот спор. Ситуацијата нагло се влоши по откривањето на природниот гас, кој добива се’ поголемо економско и геостратешко значење.
Причината за новата ескалација во односите меѓу Атина и Анкара доаѓа откако Турција најави почеток на истражување нафта и гас на истокот на Средоземното море, во областа на околу 180 километри од грчкиот остров Кастелоризо. Турција тврди дека истражувањето се одвива во нејзиниот континентален појас, а Грција дека спорната област се наоѓа исклучиво во нејзината економска зона.
Овој спор може да ескалира поради тврдите позиции на обете страни, кои не ја исклучуваат можноста за воено решение. Преседаните сугерираат реална опасност, бидејќи Турција собори руски авион Сухој-24 кога се приближуваше до турскиот воздушен простор на 24 ноември 2015 година, а операцијата беше спроведена и покрај руската воена моќ во Сирија и Медитеранот. Вториот инцидент се случи во текот на јуни 2020 година, кога една турска фрегата за малку ќе пукаше кон француски воен брод, кој беше дел од операцијата „Ирини“ , кога се обиде да пресретне турски брод кој носеше оружје за Либија.
Причините за моменталната напнатост во Средоземното море може да се сумираат во четири главни точки: историска (не) правда (турски став), природни ресурси, особено гас и регионално лидерство, како и внатрешни политички потреби на Турција.

Za vnatre1 gr

Во случајот на Турција, сега е актуелизирана морската граница на островот Кастелоризо, кој е оддалечен само 2 км од турскиот брег и 570 км од Атина. Анкара смета дека историската неправда е направена со договорот од Лозана во 1923 година, со кој се дефинирани границите на денешна Република Турција, според кој многу острови во близина на нејзините брегови и припаднале на Грција. Бидејќи Конвенцијата на ООН за правото на морето од 1982 година им даде право на островите да имаат поморски економски зони, така, грчките економски зони околу тие острови достигнуваат дури до турскиот брег.

Историска (не)правда
Многу земји се жалат на неправедноста на договорите, кои тие ги имаат потпишано во минатото или насилно им биле наметнати. Ова ги објаснува сегашните несогласувања меѓу многу земји, како што се случајот со Мароко и Алжир, Пакистан и Индија, Ирак и Кувајт, па дури и во Латинска Америка, како што е случајот со Боливија, која има аспирации за дел од пацифичкиот брег, кој го загуби на почетокот на минатиот век во корист на Чиле.
Во случајот на Турција, сега е актуелизирана морската граница на островот Кастелоризо, кој е оддалечен само 2 км од турскиот брег и 570 км од Атина.
Анкара смета дека историската неправда е направена со договорот од Лозана во 1923 година, со кој се дефинирани границите на денешна Република Турција, според кој многу острови во близина на нејзините брегови и припаднале на Грција.
Бидејќи Конвенцијата на ООН за правото на морето од 1982 година им даде право на островите да имаат поморски економски зони, така, грчките економски зони околу тие острови достигнуваат дури до турскиот брег.
И покрај фактот што Турција под лидерство на Кемал Ататурк доби најмногу според договорот на Лозана во 1923 година, сепак изгуби десетици острови и карпи во корист на Грција. Не смее да се занемари фактот дека неправдата кон Турција, содржана во Договорот од Севр во 1920 година, беше делумно исправена според Договорот од Лозана.
Турската јавност сега зборува само за медитеранскиот остров Кастелоризо и многу малку за 18-те острови во Егејското Море, кои турската влада беше принудена да ѝ ги отстапи на Грција, со цел да ги продолжи преговорите за пристапување во ЕУ.
По отстапувањето на овие острови од страна на Турција, ЕУ ги продолжи преговорите за членство со Турција на 17 декември 2004 година, бидејќи Грција и Кипар се воздржаа од употреба на вето против продолжувањето на преговорите со Турција за влез во ЕУ.
Grcija - Turcija-4Природни богатства: гас
На почетокот на 21 век, гасот како енергетски ресурс започна да добива се’ поголемо значење, исто како нафтата во средината на минатиот век и стана главниот двигател на новите геополитички сојузи.
ЕУ ја поддржува Грција во спорот со Турција, во надеж дека Атина ќе ги добие наоѓалиштата на гас, со цел да се намали зависноста од гасот кој главно доаѓа од Русија. Оваа стратегија главно е поддржана од Франција, а во помала мера и од Италија и Германија.
ЕУ е до некаде на страната на Грција, некои членки на ЕУ ѝ се закануваат на Турција со санкции, а некои, како Шпанија, не се за конфронтација со Турција.
Симпатиите и разбирањето на САД за медитеранската политика на Турција доаѓаат поради присуството на Русија и нејзините амбиции во регионот. Соединетите држави гледаат на Турција како сојузник, кој може да се спротивстави на плановите на Москва да навлезе во целиот Медитеран од својата база во пристаништето Тартус во Сирија. На почетокот на јуни 2020 година, САД ја одобрија турската воена помош за меѓународно признаената либиска влада во Триполи, бидејќи одметнатиот ривалски генерал Калифа Хафтар има воена и политичка соработка со Русија.
Кон крајот на август 2020 година, американскиот разурнувач „Винстон С. Черчил“ се приклучи на турските воени вежби во близина на островот Крит во мисијата фокусирана на градење на партнерски способности користејќи оперативни и тактички процедури на НАТО.
Регионално лидерство и ривалство
За разлика од западниот Медитеран, каде барем засега постои високо ниво на стабилност и соработка помеѓу земјите од северниот брег, Франција, Шпанија и Италија и јужниот брег, Мароко и Алжир, источниот Медитеран поминува низ некој вид на темелни промени и воспоставување стратешка рамнотежа како резултат на новата руска концентрација на сили во Сирија и желбата на Турција за лидерство во регионот. Франција, од друга страна, се обидува да го спречи ова застанувајќи на страната на Грција.
Проектот за турско лидерство во Источен Медитеран е генерално турски проект заеднички за секуларистите и конзервативците. Овој проект датира од раните 1980-ти, кога турската војска и турската дипломатија предвидеа потешкотии во остварувањето на сонот за влез во ЕУ. Турција работи на проектот веќе некое време, а претседателот Реџеп Таип Ердоган само го забрза проектот, искористувајќи го напредокот на сите полиња, од економско до воено и играјќи на картата на геополитичката контрадикторност во регионот. Овој проект продолжува и нема да биде запрен со заминувањето на сегашниот претседател на Турција, бидејќи тој е длабоко вкоренет во турската национална свест.
Турските внатрешно – политички потреби
Анкетите за јавното мислење во Турција веќе петти месец по ред покажуваат пад на популарноста на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган, и зголемена популарност на традиционалните опозициски партии и двете нови партии основани од поранешните високи функционери на АКП, Али Бабаџан и Ахмет Давутоглу.
Владејачката партија АКП ги користи сегашните тензии во Средоземното море за да ги консолидира своите редови, особено во Истанбул и Анкара, каде опозициските градоначалници имаат предност поради кризата во турската економија предизвикана од пандемијата „Ковид-19“.
Германија, која претседава со ЕУ во втората половина на 2020 година, презеде улога на посредник, за кризата во Средоземното Море да не излезе од контрола. Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги посети Анкара и Атина во август 2020 година, со цел да се надминат тензиите на источниот Медитеран во врска со морското разграничување и енергетските истражувања.
Стратешките опции што ЕУ ги има на располагање во соочувањето со Ердоган се многу ограничени, бидејќи преговорите за членство на Турција во ЕУ се замрзнати на неодредено време. Што се однесува до опцијата за закана со економски санкции, тие нема да бидат особено ефективни, бидејќи ќе им наштетат на европските компании, пред се на германските. Половина од надворешната трговија на Турција се одвива со ЕУ.
Аналитичарите на меѓународниот институт ИФИМЕС сметаат дека изнаоѓањето решение за ублажување на ескалацијата на напнатоста во Источен Медитеран не е едноставна и лесна задача. Според меѓународните договори, во Егејското Море има десетици острови под грчки суверенитет во близина на турскиот брег (Грција има 1.200-6.000 различни острови), и според тој закон, секој од овие острови има свои територијални води и ексклузивна економска зона. Постоечката правна дилема може да се реши само преку преговори меѓу двете страни за решавање на историски факти, кои исто така станаа геополитички.
Неопходно е да се земат предвид правдата и правичноста при ограничувањето на епиконтиненталниот појас на овие острови и ексклузивната економска зона помеѓу Грција и Турција во рамките на одлуките на Меѓународниот суд на правдата и Конвенцијата на ООН на начин во согласност со меѓународното право.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×