Нова ескалација: Кина го девалвираше јуанот и го запре увозот на земјоделски производи од САД
Објавено на од во Економија
Откако навидум изгледаше дека ќе се помири со американскиот претседател Доналд Трамп повеќе од една година, Кина денес сигнализираше дека е подготвена да игра грубо, пишува Блумберг.
usa versus china, economic war conceptПекинг дозволи својата валута да се сруши на најниско од една деценија, и им нареди на државните компании да го прекинат увозот на земјоделски производи од Соединетите држави.
Одговорот на „подебесната империја“ доаѓа неколку дена откако Трамп се закани дека од 1 септември годинава. ќе наметне царини за увоз на стоки од 300 милијарди американски долари кон Кина.
Одбраната тактика на Пекинг ќе му помогне на Трамп да ги оправда своите критики дека Кина намерно го држи јуанот евтин за да им помогне на извозниците и дека не го одржува ветувањето за купување на повеќе земјоделски производи од САД, како што беше ветено во јуни.
Инвеститорите реагираа брзо со продажба на азиските акции и валути од земјите во развој, заменувајќи ги со сигурни активи, вклучително и јапонски јени, американски долг и злато.
“Ова е едно од најлошите сценарија.Прво е продажбата на пазарите, а потоа Трамп ќе се разбуди и сето тоа ќе биде многу полошо”, рече Мајкл Еври, директор за Азија во Rabobank.
Индексот MSCI Asia Pacific тргна кон својот најголем пад од март, при што акциите паднаа со повеќе од 2 проценти на пазарите од Токио до Хонг Конг и Сеул.
Пазарот во Шангај падна помалку во услови на шпекулации дека фондовите поврзани со владата ќе го поддржат Шангај.
Јуанот падна за 1,3% на 7.0292 за долар. Оф-шор јуанот потона за 1,9 проценти што е рекордно ниско ниво.Увозот на земјоделски производи од Соединетите држави е уште едно оружје во рацете на Пекинг.
Државните компании ќе ги прекинат набавките и ќе чекаат следна наредба, велат изворите на Блумберг. Трамп постојано се жали дека Кина не ги прави „огромни порачки“, за кои тврди дека претседателот Си Ѕинпин ги ветил во јуни.
Кина се откажува од помека дипломатска стратегија и повеќе не сака да биде оксерска вреќа за Трамп. Заканата од царините се врти против Трамп и ќе создаде целосна трговска војна”, вели Чуа Хак Бин, економист во Maybank Kim Eng Research Pte.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×