Нова понуда: Кредити од ПроКредит Банка за поставување на фотоволтаични системи на ЕВН
Објавено на од во Банки и бизнис

Cermat1Фотоволтаичните системи сега подостапни за сите бизниси

Разговаравме со Илија Ќироски, раководител на Групата за дополнителни услуги во ЕВН Снабдување и Методија Миноски, раководител на Одделот за управување со животна средина во ПроКредит Банка.

 

20-22-1ЕВН беше прва компанија на пазарот што понуди фотоволтаични системи по принципот „клуч на рака“ за домаќинства и бизниси. Во што се состои услугата на ЕВН за бизнис корисници и за кои компании е наменета понудата?
И.Ќ. Веднаш по создавањето на соодветните законски услови, ЕВН понуди нова услуга за поставување на фотоволтаични системи, соодветно димензионирани за поголемо покривање на сопствената потрошувачка. Имаме доста искуство во областа, имено ЕВН е дел од интернационална групација со повеќе од 20 години искуство во проекти од обновлива енергија, а потребите на домашните корисници многу добро ги познаваме поради тоа што сме присутни скоро 15 години на македонскиот пазар. Ова многу ни помогна да направиме поволна понуда за корисниците.
Нашата услуга е наменета за сите видови на бизниси, без разлика на големината и индустријата. Тие воопшто не мора да имаат предзнаење и капацитети за ваков тип на проекти. Нашите експерти целосно го реализираат проектот, по принципот „клуч на рака“. Услугата вклучува детална анализа на специфичната потрошувачка, анализа на објектот каде се поставува системот, по што следи конфигурација, набавка и инсталација на фотоволтаичната централа. Вградуваме најквалитетни компоненти од локални, но и светски реномирани и водечки производители на опрема за фотоволтаични системи. Дополнително ја обезбедуваме и целата пропратна документација, што на корисниците им заштедува и време.
Практично, корисниците добиваат персонализирано решение, димензионирано според потребите на нивниот бизнис.
Кои се придобивките од инсталација на фотоволтаични системи кај бизнисите? Дали нашата земја нуди доволно услови за производство на ваков тип на енергија?
И.Ќ. Нашата земја е совршено позиционирана за производство на соларна енергија. Имаме преку 280 сончеви денови во годината, а еден киловат инсталиран капацитет на фотоволтаик може да произведе до 1500 kWh електрична енергија годишно, што е за околу 300-400 kWh повеќе од европскиот просек.
Фотоволтаичните централи, поради масовното производство и напредокот во технологијата, имаат пристапни цени, долг животен век и висок квалитет. Потребата и трошоците за нивно одржување е минимална, а компаниите може да заштедат и над 30% од вкупните трошоци за електрична енергија. Затоа, инвестицијата обично се враќа за период од 6-8 години.
Од друга страна, не постои почиста енергија од таа на сонцето. Од сите типови на производство на обновлива енергија, соларната е со најпозитивен ефект на природата. Со намалувањето на емисијата на стакленички гасови и инвестирањето во одржливост компаниите демонстрираат и високо ниво на свест и општествена одговорност.
20-22-2За кои бизниси оваа инвестиција е најисплатлива? Како еден сопственик на бизнис да процени дали му е потребна инсталација на фотоволтаичен систем?
И.Ќ. Сите бизниси кои имаат простор каде да се инсталира централата можат да побараат понуда за фотоволтаични системи. Не постои ограничување. Има кровни и земјени конструкции на фотоволтаичните централи, така што за секој корисник, согласно конфигурацијата на локацијата и објектот се прави персонализиран проект за централа. Нашето досегашно искуство покажува дека компании од најразлични индустрии имаат интерес, или веќе ја искористуваат соларната енергија. Производствени компании, компании од прехранбената индустрија, но и угостителски и административни објекти, сите би имале придобивки од инсталација на фотоволтаици.
Целта е, преку прилагодување на процесите, да се постигне највисоко ниво на искористеност на произведената енергија за сопствени потреби – до 90%. Нашата услуга на сопствениците на бизнисите им го нуди токму тоа – решение скроено по нивна мерка за постигнување на апсолутно највисок ефект на заштеди. Последно, но не помалку важно, целиот процес го заокружуваме со договор за откуп на вишокот на произведена енергија што на бизнисите им нуди дополнителни финансиски придобивки и сигурност при евентуални прекини во работните процеси.
Неодамна ја промовиравте соработката меѓу ЕВН и ПроКредит токму во областа на фотоволтаичните системи. За што точно се работи?
И.Ќ. Од летово, со ПроКредит Банка имаме соработка во областа на финансирањето на фотоволтаичните системи. Поточно, сите компании кои ќе инсталираат фотоволтаични системи со ЕВН имаат можност истите да ги финансираат преку еко – кредитите на ПроКредит Банка. Ова е огромна поволност, поради тоа што изворот на финансирање може да биде предизвик кај дел од бизнисите, така што со обезбедување на поволни кредитни линии, тие можат да направат инвестиција што ќе им носи долгорочни ефекти.
М.М. Ова партнерство некако природно се случи, особено што и ЕВН и ПроКредит во нашата земја, но и во групациски рамки имаат значително искуство и знаење во управувањето и реализацијата на проекти од областа на обновливата енергија. Наша цел е што повеќе да ја стимулираме реализацијата на одржливи, зелени проекти кај бизнисите, и ова партнерство ни го овозможува токму тоа.
Како оди процесот на финансирање на инвестицијата во фотоволтаични системи на ЕВН преку кредитите на ПроКредит Банка? Кои се карактеристиките на кредитната линија?
М.М.Процесот на одобрување е едноставен и започнува со Понудата за изведба на централата која технички е подготвена од страна на ЕВН.Потоа се прави проценка на финансискиот капацитет на компанијата и ефектите од самата инвестиција врз база на што се носи финалната одлука. Исплатата на средствата од кредитот се наменски и го следат динамичкиот план наведен во Договорот за изведба.
Понудата е исклучително поволна за разлика од стандардните кредитни услови на пазарот. Каматната стапка изнесува 3% и нема дополнителни провизии при исплата на кредитот. Како обезбедување се користи самата централа, а клиентите е потребно да имаат учество во инвестицијата од само 10%. Рочноста на кредитот е до 10 години.
Фокусот на оваа кредитна линија е ставен на правни субјекти кои имаат за цел поставување на фотоволтаичен систем наменет за производство на енергија за доминантно сопствени потреби. Компанијата соодветно е да има и дневна потрошувачка на енергија како и расположлива кровна или земјена површина за поставување на централата.
Секако нашата соработка со ЕВН може да ги опслужи и физичките лица кои би биле заинтересирани за ваков тип на инсталација во домаќинството, како и правни субјекти кои имаат за цел градење фотоволтаична централа наменета исклучиво за продажба на енергија,но во овој случај би имале индивидуален пристап во дефинирање на понудата.
Какво е искуството на ПроКредит Банка со проекти од областа на обновливата енергија на македонскиот пазар, но и на ниво на групација? Кои се трендовите и која е Вашата прогноза за

EVN PV 1_1

ДОО Цермат од Битола како партнер за поставување на фотоволтаични системи го одбра ЕВН. Инсталирана моќност на централа: 550 kW Искористеност за сопствени потреби: 89% Годишно намалување на трошоци: 23%

развојот на вакви проекти на локално ниво?
М.М .ПроКредит Банка е чекор пред другите и тоа мото не движи кон нови предизвици. Дел од нашата стратегија е поддршка на компаниите во реализација на проекти за зголемување на енергетската ефикасност, инвестиции во обновливи извори на енергија и заштита на животната средина. Овие инвестиции се изразени преку нашето еко – кредитно портфолио кое учествува со 15% во вкупното кредитно портфолио. Само во инвестиции во обновливи извори на енергија, во нашата земја досега се пласирани околу 10 милиони евра, додека вкупно банките во нашата групација имаат финансирано преку 150 милиони евра за ваков тип на проекти. За очекување е нагорен тренд на инвестиции во фотоволтаични централи.
Од една страна ни престои процес на енергетска транзиција која се базира на зголемена примена на обновливи извори на енергија на сметка на тековната зависност од јагленот. Од друга страна трендот на намалување на капиталните инвестициски трошоци за овие централи како и поволната соларна радијација ги прави фотоволтаичните централи економски исплатливи. Не треба да се занемари и податокот што на среден или долг рок ќе останеме енергетски зависни од увоз на електрична енергија, со што домашните капацитети на произведена соларна енергија би имале пласман за откуп.
Со големо внимание го следиме развојот на енергетскиот пазар и нашиот фокус продолжува во иста насока и во иднина. Се надеваме дека со финансирање на ваков тип на проекти ќе придонесеме за зголемување на самоодржливоста и енергетската независност на нашите компании и поттикнување на свеста за долгорочни инвестиции кои немаат негативни ефекти на животната средина.
ПроКредит Банка е пример за компанија која користи обновливи извори на енергија, во својата Централна Управа. Какви се Вашите искуства и кои совети би ги споделиле со компаниите заинтересирани за вакви проекти?
М.М.Како дел од меѓународна групација на банки кои се стремат кон одржлив модел на управување, ПроКредит Банка практикува општествена и еколошка одговорност при реализација на нашите бизнис цели. Грижата кон животната средина вклучува активности со кои континуирано го намалуваме нашето негативно влијание кон природата. Пример за ова е и употребата на енергија од обновливи извори. Нашата Централна Управа користи геотермална и соларна енергија во задоволување на енергетските потреби на објектот. Веќе четврта година по ред активно ја користиме електричната енергија произведена од нашата фотоволтаична централа поставена на кровот од зградата.
Следејќи го своето сопствено искуство и позитивните ефекти од централата, ги советуваме компаниите за ваков чекор и инвестиција која ќе донесе долгогодишни резултати. Позитивните ефекти од инсталација на фотоволтаични системи се повеќекратни. Од една страна трошоците за електрична енергија може значително да се намалат, додека не искористените вишоци се пласираат на пазарот на енергија. Ова ја прави инвестицијата исплатлива и исклучително атрактивна за нашите компании. Дополнително ваквиот начин на производство на електрична енергија значи намалување на емисијата на штетни стакленички гасови и секоја инвестиција значи активно учество во борбата против климатските промени.
Заинтересираните компании или физички лица за услугата на ЕВН може подетално да се информираат во Инфо центарот во ГТЦ, или на gosolar@evn.mk, а за кредитната линија на ПроКредит банка на mkd.info@procredit-group.com или да закажат состанок со одговорниот тим за кредитирање еко проекти преку телефонот 02/ 2 446 000.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×