Нова понуда на Семејно приватно здравствено осигурување на Еуролинк
Објавено на од во Компании

Со една полиса што чини 1.800, 2.000 или 3.350 денари месечно соодветно на пакетот, се опфатени сите членови на семејството. 

Eurolink_zdravstveno2

Еуролинк излезе со нов  продукт  – семејно приватно здравствено осигурување со кое клиентите можат да се лекуваат во сите приватни здравствени установи по сопствен избор, без ограничувања и со директна исплата на трошоците кон болниците. Со цел да се приближи приватното здравствено осигурување до поголем број семејства, почнувајќи од денес, па до крајот на месецот, сите кои ќе го одберат уникатниот продукт на Еуролинк осигурување за семејното приватно здравствено осигурување добиваат попуст, односно добиваат една месечна рата бесплатно, известуваат од компанијата.

“Семејното приватно здравствено осигурување е наменето за сите семејства што имаат потреба и сакаат да обезбедат квалитетна здравствена заштита за себе и за членовите на своите семејства во сите приватните здравствени установи по сопствен избор и без ограничувања, за сите општи и специјалистички прегледи, без процедури за чекање или упати, брзо и едноставно со директна исплата на трошоците кон болниците од страна на Еуролинк осигурување.“, велатр во Еуролинк.

Граѓаните можат да одберат во зависност од потребите на семејството ОСНОВЕН, КОМФОРТ или ПРЕМИУМ пакет за семејно приватно здравствено осигурување, со редовна цена од 1800, 2000 и 3350 денари месечно, соодветно на пакетот, а со една полиса се опфатени сите членови на семејството. Доколку купат било кој пакет на Семејно приватно здравствено осигурување до 31 март оваа година клиентите добиваат попуст на редовната цена на пакетот, односно добиваат една месечна рата бесплатно.

Останува достапна и опцијата за покривање на трошоците за породување, за офталмолошко и стоматолошко лекување во приватни здравствени установи по избор на клиентите со склучување договор за лојалност на две години за пакетите Комфорт или Премиум.

Семејното приватно здравствено осигурување може да се купи во продажните места на Еуролинк осигурување, преку консултантите за осигурување на Еуролинк, а подетални информации се достапни на интернет-страницата www.eurolink.com.mk или на телефонскиот број 02 15 888.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×