Новако – ексклузивен дистрибутер на ThyssenKrupp прославува 10 години
Објавено на од во Компании

Една од најголемите германски компании  ThyssenKrupp слави 10 години на македонскиот пазар

DAD_5872

 

 

 

 

 

 

 

Лидерот во производство и продажба на лифтови, ескалатори, подвижни траки, авио мостови и други транспортни и индустриски системи во Македонија, НОВАКО, член на светски водечката групација ThyssenKrupp, го прослави својот 10ти роденден.

Во хотелот Александар Палас во присуство на владини претставници, амбасадорот на Германија, градоначалници, претставници на бизнис секторот, архитекти и пријатели на компанијата беа презентирани досегашните достигнувања на компанијата кај нас и во регионот, а беше организирана и панел дискусија на тема”10 години Новако. 10 години Тисен Круп во Македонија. 10 години сигурност.”, а беа доделени и благодарници за оние кои низ годините овозможиле компанијата да го постигне овој успех.

Во своето обраќање до присутните генералниот директор на НОВАКО, г. Љупчо Грујовски, македонските компании го препознаваат квалитетот на компанијата и светските трендови кои ги имплементира на нашиот пазар.

“Голема чест и задоволство што можеме да кажеме дека оваа година славиме 10 години од нашето постоење на македонскиот пазар. За релативно краток временски период успеавме да се позиционираме како лидери во Македонија и да започнеме со работа и на регионалните пазари кадешто сме и официјални застапници за ThyssennKrupp. Она кое што најмногу нè радува како компанија е тоа што успеавме да наметнеме квалитет и силна политика на безбедност, кој компаниите го препознаа и го ставија во своите приоритети. Среќни сме што имаме можност да покажеме нови технологии и иновации кај нас и што придонесуваме за развој на индустријата.” – изјави  Љупчо Грујовски, сопственик на НОВАКО.

На настанот присуствуваа и претставници од компанијата ThyssenKrupp, како генералниот директор на ThyssenKrupp за Европа г. Рикардо Малхеиро, претставниците на компанијата ThyssenKrupp  Елиса Карваљо и Карстен Камбахкои во своето обраќање ја истакнаа својата посветеност на имплементирање на најновите технолошки решенија во Македонија и регионот.

“Нашата компанија е максимално посветена на креирањe на лифтовски решенија за поголема и поефикасна мобилност во целиот свет. Како светски производители на лифтовски решенија присутни на секој континент имаме за цел да го развиваме овој сегмент во иднина на едно повисоко ниво зацврстувајќи ја нашата позиција како лидер во индустријата. Драго ни е што Македонија и регионот преку нашиот партнер НОВАКО, го развива нашиот сегмент и на луѓето им нуди светски уникатни решенија”. – изјавија претавниците на ThyssenKrupp.

Свое обраќање имаше и амбасадорот на Република Германија во Македонија,  Томас Герберих. Според амбасадорот на Германија, германските компании се големи поддржувачи на економијата во Македонија.

“Чест ни е што на ваков голем ден го прославуваме роденденот на Новако. Прросперитетот на Македониај нуди големи можности за работа и отворање на глобалниот пазар, што ќе се овозможиразвој на пазарот тука. Германија и Македонија се силни трговски партнери, постојат голем број на компании кои соработуваат меѓусебно. Германија ќе биде секогаш главен партнер на Маледонија и во иднина” – изјави Герберих.

Компанијата има визија во наредните години да ја зацврсти својата позиција во Македонија и регионот, како и постојано да работи на имплементирање на најновите стандарди и иновации во индустријата.

Во иминатите 10 години НОВАКО успеашно реализираше голем број на капитални проекти кои се од суштинско значење за општеството.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×