Новата економија ги негува новите движечки сили за развој
Објавено на од во Економија
Финансискиот сектор, информатичките и технолошките услуги придонесоа за економски раст од 67%.
peking_street_kina01Со навлегувањето на кинеската економија во т.н. “нова нормална состојба”, многу од традиционалните индустрии беа принудени или да излезат од пазарот или да се преселат во релативно заостанати западни области на земјата, поради проблемот со хиперпродукција, притисокот од новите економски модели и потребата од заштита на животната средина.
Од друга страна, слабеењето на традиционалните индустрии е придружено со промени кои ги воведува новата економија, кои влијаат директно врз структурата, процесите и тенденциите во кинескиот модел за развој и трансформација на националното стопанство кон висококвалитетно.
Како модерна престолнина со традиционален имиџ, во моментов Пекинг реализира стратегија за својот одржлив и квалитативен економски развој преку балансирање на бројот на компаниите и нивната локација во градот.
Според заменик-претседателот на Државната комисија за развој и реформи Ли Суфан тоа придонесува за исклучувањето на индустрии со ниска ефикасност.
Во 2018 година, градот остави 1307 претпријатија од обичната преработувачка индустрија, ослободувајќи простор за привлекување нови квалитетни индустрии, кои минатата година се над 70 илјади, т.е околу 40% од сите, и тоа се во сферата на информациските и технолошки услуги. Нивниот регистриран капитал изнесувал 730 милијарди јуани, што претставува зголемување од 13,5% во однос на истиот период во 2017 година.
Според објавениот од Министерството за индустрија и информатизацията “План за развој на индустријата на големите податоци за периодот 2016-2020 година”, во 2017-та обемот на овој сектор бил 470 милијарди јуани или раст од 30% во однос на 2016 година.
Прогнозите се таа да достигне 1 трилион до 2020 година. Добрите изгледи на пазарот им даваат на компаниите во големиот сектор за податоци огромен простор за развој.
Во последните години Пекинг спроведува политики за трансформација на традиционалните индустрии, како и за промена на моторите на економскиот раст.
Како резултат, новата економија зазема се поголем удел во развојот на градот. Заменик-градоначалникот на Пекинг, Лин К’цјан, објаснува дека во 2018 година БДП на новата економија бил 33,2% од вкупниот, додадената вредност на преработувачката индустрија со висока технологија е зголемена за 13,9%, како оние на електронската информации и производството на лекови и медицинска опрема се зголеми за 15,2% и 16,2%, соодветно.
Финансискиот сектор, информатичките и технолошките услуги придонесоа за економски раст од 67%.
Пекинг исто така ја подобрува заштитата на историските и културни споменици, а во исто време ги комбинира технологија и култура. Во моментов во градот функционираат 33 културни иновативни зони, а големите индустрии во сферата имаат волумен од 1 трилион јуани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×