Новата грчка Влада сѐ уште на никого не покажала со прст, но, води активна борба со олигархијата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Додека течат преговорите на новата грчка Влада со меѓународните кредитори, премиерот Алексис Ципрас почнува да го остварува она што им го вети на граѓаните во изборната кампања, дека ќе ја ослободи Грција од олигарсите кои доминираат во политичкиот и во економскиот живот на државата, подредувајќи ги државните интереси на сопствените.

Лицето на борбата на Сириза со олигарсите е обвинителот за економски криминал при Врховниот суд на Грција, Панајотис Николудос, кој во своето последно обраќање во Парламентот им објави војна „на неколкуте семејства кои мислат дека државата постои за да им служи на нивните интереси“.

Перцепцијата во Грција е дека овие семејства преку големо влијание врз политичарите, администрацијата и медиумите, ги добивале државните тендери, ги менувале законите според сопствените потреби, избегнувајќи каков и да е судски прогон.

Меѓу мерките што Ципрас ги објави против олигарсите се повторно лиценцирање на приватните телевизии, прекин на некои приватизациски зделки, значително зголемување на даноците за богатите и ревизија на офшор сметките. За грчкиот премиер нема дилема дека олигархијата е еден од основните фактори што довеле до кризата во земјата.

Меѓу првите мерки што ќе ги преземе Владата ќе биде ставањето крај на шверцот на гориво од страна на фирми кои количини (на гориво) наменети за извоз увезувале во земјата избегнувајќи плаќање данок. Конкретно со мерката ќе се наложи инсталирање на GPS системи на бродовите што вршат превоз на гориво, а ќе бидат предвидени и стимули за граничарите кои ќе помогнат во спречувањето на шверцот. Ако борбата биде успешна, грчката Влада очекува нови над милијарда евра даночни приходи.

Досега нема објавени имиња на „осомничени“ олигарси, но, почнаа процедурите за ревизија на приватизациите на државната лотарија и на големите грчки пристаништа. Владата се обидува и да ја поништи продажбата на стариот аеродром во Атина на компанијата Lamda Development, контролирана од најбогатиот Грк, Спирос Лацис. Од компанијата одговорија со обвинување дека потезите на Владата ќе ѝ наштетат на инвестициската клима во државата, односно, оти ќе ги избркаат инвеститорите.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×