Новата почесна гарда на Ердоган: Стражари во костуми од 16 царства  
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 Гардисти со копја, војници во оклопи со златни кациги и лажни бркови, коњaници…Сето ова е дел од секојдневието во претседателската палата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

 

Турскиот претседател Ердоган ја обнови почесната стража која сега го прати на сите свечени церемонии, како онаа која се одржа во понеделникот кога во Анкара пристигна палестинскиот претседател Махмуд Абас. Абас се ракуваше со Абас на дното на раскошните скали на кои се распоредени 16 гардисти облечени во 16 војни одори, кои би требале да ги претставуваат 16 царства од кои се создала модерна Турција.

Меѓу царствата и народите кои Турците ги сметаат за свои предци се наоѓаат Хуни, Монголи, војници од Отоманскиот период и други живописни одори од европското и азиското минато.

Но, новите костуми на претседателските гардисти не го предизвикаа посакуваниот ефект во Турција и другиот дел од светот со оглед дека многу корисници на социјалните мрежи почнаа на големо да прават шеги на сметка на претседателската костимирана стража.

Есента во 2014 година свечено се отвори новата претседателска палата која има 1.150 соби, а на чија изградба се потрошија 490 милиони евра.

Опозицијата во Турција коментираше дека изградбата на помпезната палата е скапа и непотребна градба, а потегот за новата костумирана стража го сметаат за отстапување од секуларното уредување на модерната турска држава.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×