Новата рунда преговори за името почнува утре во Њујорк
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Утре во Њујорк ќе се одржи нова рунда преговори за спорот за името помеѓу претставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, со посредство на медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

Нимиц вчера, во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ, кажа дека нема да излезе со нов предлог за името, туку со предлог-идеи кои веќе биле разгледувани во минатото. Тој повтори дека не постои волшебно стапче кое може да гарантира оти спорот ќе биде решен, но изрази оптимизам дека истиот ќе се разгледа во поинакво светло и од друга димензија. Нимиц оцени дека постои позитивна клима во Скопје за решавање на спорот, како и оти грчката Влада препознава дека приодот е добар и во интерес на грчката политика во регионот.

Претходната рунда преговори, прва по тригодишниот застој во процесот, се одржа во Брисел на 11 и 12 декември, кога беше најавено дека Нимиц секој месец ќе одржува средби со преговарачите, со цел да се изнајде решение.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×