Новата влада во Приштина ќе ги укине царините за Србија и БиХ, вели Пацоли
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Претседателот на Алијансата за ново Косово (АКР) Беџет Пацоли узрази уверување дека новата влада во Приштина ќе ги укине таксите од 100 отсто на производите од Србија и БиХ.
косово београд„Лажат оние лидери кои велат дека нема да ги укинат таксите. Не е добро да се залажуваат гласачите“, изјави синоќа Пацоли за државната косовска телевизија.
Тој истакна дека таксите на почетокот биле „оправдан чекор“, но некои витални проблеми за Приштина морале да се решат во текот на процесот.
Поранешниот косовски министер за надворешни работи оцени дека новата влада ќе отвори пат за дијалог, додавајќи дека треба да се постигне конечен договор со Србија.
„Косово денес го гледаат како земја која го блокира дијалогот, како земја која не слуша и не работи со своите пријатели. Велат дека порано сме имале поддршка, но сега се соочуваме со недостаток на таа поддршка. Се надеваме дека таа поддршка повторно ќе ја имаме“, нагласи Пацоли.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×