Нови бизнис зделки на конференција за вмрежување компании од лесната метало – преработувачка индустрија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Денес за првпат во Македонија се одржи конференција за вмрежување на компаниите од македонската лесна метало-преработувачка индустрија со странски купувачи, насловена Macedonia Manufacturing Expo. На конференцијата присуствуваа 48 компании од Македонија во својство на добавувачи и 18 копмании, од кои 16 странски, во својство на купувачи. Меѓу потенцијалните купувачи беа и големи меѓународни компании како Сименс (Siemens) и Скаутби (Scoutbee). Во текот на конференцијата беа одржани 140 деловни состаноци меѓу компаниите од кои се очекуваат нови бизнис зделки. Покрај директните деловни средби помеѓу домашни и странски купувачи, на конференцијата ќе се зборува за трендовите и новите технологии во индустријата.

„За компаниите од металната индустрија е од големо значење отворање на странските пазари, а оваа конференција е можност за почеток на некаква соработка. Нашите производи се пред се наменети за извоз и неопходна ни е помош во тој сегмент, бидејќи полесно е да се пробива пазарот заеднички, отколку секој поединечно“, објаснува Марта Наумовска Грнарова, Претседател на Aсоцијација на метална и електро индустрија, еден од организаторите на конференцијата.

„САД веќе 10 години го поддржува развојот на лесната индустрија во Македонија. На пример, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси работеше со индустријата и институциите на создавање на дата база чија цел е прибирање и промовирање на податоци за производите на преку 200 македонски компании од овој сектор. Ова споделување на информации е важен ресурс за економските промотори кои рабоата на привлекување странски инвеститори“, изјави Џес Бејли, Амбасадорот на САД, во неговиот поздравен говор.

„Придобивките од соработката помеѓу домашните и странските компании се двострани. За странските компании кои користат производи и услуги од нашите фирми крајниот бенефит е намалување на трошоците, користејќи македонски производи и услуги со добар квалитет, но со пониски цени. Од друга страна, домашните компании преку соработката со странските ќе го подигнат нивото на технолошко и менаџерско знаење, ќе се стекнат со вештини за подобра организација на работата што ќе придонесе и за поголема конкурентност на европските и светски пазари“, додава Ивана Николиќ, Заменик Директорката на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ.

Еднодневната конференција е организирана од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, Асоцијација на метална и електро индустрија – МАМЕИ и Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ (АСИПИРМ) со поддршка од Германската стопанска комора во РМ (AHK), Американската стопанска комора во РМ (AmCham), Амбасадата на Холандија во РМ и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×