Нови грантови од 750.000 евра за развој на туризмот во Западен Балкан
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Советот за регионална соработка како дел од својот проект за развој и промоција на туризмот, финансиран од Европската унија, упати втор повик за доставување проекти за развој на туристички атракции во регионот на Западен Балкан.
зап балкВкупната вредност на грантовите изнесува 1,62 милиони евра, а во рамки на вториот циклус на располагање се 750.000 евра за реализација на околу 14 пилот проекти од поединечна вредност до 54.000 евра.
Целта на програмата за доделување неповратни финансиски средства на Советот за регионална соработка е развој и промоција на заеднички регионални понуди за културолошки и авантуристички туризам во светот, носење на голем број посетители во земјите од Западен Балкан, продолжување на нивниот престој и зголемување на приходите и вработувањето во туризмот.
За таа цел, средствата кои ќе бидат доделени во рамки на вториот повик ќе се користат за подобрување на туристичката инфраструктура и услуги, долж три нови регионални рути на културолошкиот туризам, на чиј развој се работи во моментов.
„Регионот е посилен заедно. Ова се однесува на туризмот, како и на било која друга област. Разликата е што туризмот има предност на побрз раст во споредба со другите индустрии. Туризмот, имено, веќе изнесува 14 отсто од вработеноста во Западен Балкан. Минатата година повеќе од 12 милиони туристи го посетија регионот. Ова е токму причината зошто ние интензивно работиме на развој на заедничката регионална туристичка понуда и дополнување на напорите кои ги вложуваат владите, особено во културолошкиот и авантуристичкиот туризам“, изјави Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Советот за регионална соработка.
Брегу нагласи дека постои желба да се направи „поатрактивна туристичка понуда која ќе привлече повеќе туристи во регионот и ќе доведе до повисоки профити и вработување на повеќе луѓе во туризмот. Додека нашиот проект за развој и промоција на туризмот е работа на една поширока перспектива, програмата ќе им доделува грантови на властите на локално ниво, невладини организации и агенции за развој да се вклучат во областа на туризмот и да придонесат за развој на заедничка регионална понуда преку спроведување активности со кои ќе се подобри квалитетот на услугите и туристичката инфраструктура на локално ниво “.
Со цел да се обезбедат доволно информации околу вториот повик за доделување грантови до сите заинтересирани страни, Советот за регионална соработка ќе организира серија информативни денови во периодот меѓу 12 и 20 јуни 2019 година во сите шест економии на Западен Балкан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×