Нови кинески царини на американките производи
Објавено на од во Економија
Кина сака да воведе нови царини на американскиот увоз во вредност од 2,4 милијарди долари во спорот околу субвенциите покренати пред Светската трговска организација.
1531738932-6201Во спорот, кој започна во 2012 година, Кина и се пожали на Светската трговска организација за царините кои Вашингтон ги воведе за да ги олесни ефектите од наводните кинески субвенции за претпријатијата во државна сопственост.
Арбитрите на Светската трговска организација утврдија дека американските царини не се согласно меѓународните трговски прописи и Вашингтон ги прилагоди.
Кина потоа изрази незадоволство од прилагодените американски царини и Светската трговска организација потврди дека Вашингтон не ги применил адекватно нивните претходни пресуди. Според прописите на Светската трговска организација, Пекинг сега може да одговори со воведување царина на американскиот увоз.
На почетокот од следната недела, Светската трговска организација ќе го разгледа кинескиот предлог за воведување царина на увоз на американската стока во вредност од 2,4 милијарди долари. Конечната одлука за вкупната вредност на американската стока, на која Пекинг може да воведе царина, ќе ја донесат арбитри на Светската трговска организација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×