Нови царини меѓу САД и Кина би ја втурнале светската економија во рецесија за 6 до 9 месеци
Објавено на од во Економија
Со воведувањето на нови царини од страна на САД и Кина, во наредните шест до девет месеци глобалната економија може да падне во рецесија, предупрдува економистот на Морган Стенли, Четан Аја.
доларјен„Продолжените трговски спорови, заедно со реактивна монетарна и фискална политика, значат дека ризикот од затегнување на финансиската состојба, што ќе предизвика глобална рецесија, е голем и продолжува да се зголемува“, изјави експертот за CNCB.
„Реториката меѓу САД и Кина ќе продолжи да ги доминира пазарите на краток рок и инвеститорите ќе треба да се подготват за поголема нестабилност“, рече економистот.
Аја верува дека продолжениот трговски конфликт ќе изврши дополнителен притисок врз деловната активност.Овие загрижености изгледаат пореални по најновите податоци за перформансите на американската економија.
Тие покажуваат дека бруто домашните инвестиции ќе се намалат за 5,5% во вториот квартал, што е најлошото остварување од крајот на 2015 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×