Новиот американски амбасадор, Џес Бејли пристигна во Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Новоименуваниот амбасадор на САД во Македонија, Џес Бејли пристигна во земјава. Тој денес ги предаде акредитивите кај министерот за надворешни работи, Никола Попоски и претседателот Ѓорѓе Иванов.

На средбата со шефот на дипломатијата, Попоски, како што известуваат од Министерството за надворешни работи, двајцата соговорници изразиле задоволство од исклучително успешниот досегашен развој на односите меѓу двете држави, базирани на традиционално пријателство и сојузништво.

„На амбасадорот Бејли му беа пренесени заложбите кои Владата на Република Македонија и нејзините институции ги прават во насока на интегрирање на земјата во полноправно членство во НАТО и Европската унија. Беше нагласено дека членството на нашата држава во овие структури останува врвен приоритет на надворешната политика на македонската Влада“, пишува во соопштението на МНР.

Минатата недела, пак, неколку дена пред неговото доаѓање во земјава, амбасадорот Бејли се обрати преку видео порака. Во пораката, Бејли рече дека му е чест што со неговото семејство ќе бидат во Mакедонија во наредните неколку години.

“Повеќе од 20 години, Соединетите Американски Држави и Македонија градат динамично партнерство. Јас имам намера да ги зајакнам нашите односи и да и помогнам на Македонија да го реализира својот потенцијал како динамична, мултиетничка и просперитетна демократија, целосно интегрирана во евроатлантската заедница”, рече Бејли.

Инаку, тој веќе 29 години работи како дипломат во Европа, на Блискиот Исток, во Африка и во Азија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×