Новиот Audi A4 доби највисока оценка за безбедност
Објавено на од во Автомобилизам

Возилото ги доби максималните, пет ѕвезди и специјална награда од реномираната европска програма Euro NCAP која е креирана за да ја утврди сигурноста на новите модели на пазарот

 

Новиот модел на Audi, A4 го доби највисокиот резултат – пет ѕвезди од европската програма Euro NCAP кои на возилото му беа доделени поради сигурноста на патниците, но и за заштитата на пешаците. На овој автомобил воедно му беше доделена и специјална награда, Euro NCAP advanced за напредните, технолошки усовршени системи кои го позиционираат Audi A4 како еден од најбезбедните на пазарот. Првично станува збор за системот за сопирање со кој во случај на незгода возилото автоматски се запира со што се намалува ризикот од лизгање и повеќекратни судири. Вториот систем, кој е достапен како опција, во опасни ситуации кои водат кон судир го затегнува појасот за врзување и ги затвора прозорците и покривот.

Audi A4 2.0 TFSI quattro

Уште еден елемент кој игра огромна улога во севкупната безбедност на Audi A4 е системот со кој доколку автомобилот се движи со брзина поголема од 85 километри на час, регистрира дали други возила или пешаци се на патот. Ако постои опасност од судир го предупредува возачот првично визуелно и акустично, а потоа со автоматско сопирање.

 

Воедно има и голем избор на дополнителни технологии кои ја надополнуваат севкупната безбедност на новиот модел на Audi. Располага со монитори за помош при вртење кои го следат сообраќајот кога автомобилот врти со мала брзина и по потреба сопира доколку возачот сака да помине во делот кон кој се приближуваат возила. Системот за избегнување на судир помага да се заобиколи пречка додека оној за предупредување при излегување го минимизира ризикот од повреда при отворање на вратите. LED светлата се вклучуваат со цел да предупреди дека пешаци или велосипедисти се приближуваат.

 

Формирана во 1997 година, програмата за проценка на нови автомобили Euro NCAP ги става на тест возила со цел да ја утврди нивната сигурност на патот. Од 2015 година, проверките за предниот и страничниот судар се многу покомплицирани со цел веродостојно да се утврдат последиците при реални сценарија. Audi A4 ги помина сите овие тестови со највисоки оценки и доби официјална потврда дека е еден од најбезбедните автомобили во својата класа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×