Новиот CEO на Uber најавува излегување на берза
Објавено на од во hi-tech & business

Откако американски Uber го промени водството по низа потреси во компанијата и рекордни загуби, новиот прв човек, Дара Косровшахи, избран пред неколку дена за CEO, во разговор со вработените најавил излегување на берза, и промена на бизнис културата, пренесува Reuters.

„Оваа компанија мора да се промени“, порачал Косровшахи, додавајќи дека бизнис моделот со кој е остварен досегашниот успех не е и тој што ќе ги подигне на повисоко ниво. Планот на новиот челник на Uber вклучува зголемување на пазарниот удел, како и можност за спроведување иницијална јавна понуда (IPO) за 18 до 36 месеци.

И покрај 1,75 милијарди долари приходи и бизнис што расте, компанијата во вториот квартал забележа рекордна загуба од 645 милиони долари. Историски лошиот резултат не е единствен проблем на Uber, бидејќи се соочува и со две судски истраги: едната за употреба на софтвер што на возачите на Uber им овозможувал „невидливост“ од полицијата, а втората за подмитување на странски функционери.

Исто така, најголемиот акционер Benchmark (што во Uber инвестираше во фаза на стартап), почна правна битка против соосновачот и поранеше извршен директор, Тревис Каланик, поради манипулации над контролата на управниот одбор. Во меѓувреме, низа клучни менаџерски позиции останаа испразнети, како главниот директор за финансии, за маркетинг …

Uber денеска е проценет на 69 милијарди долари, зашто некои сметаат дека станува збор за технолошка компанија што се случува еднаш во генерација. Пазарот смета дека и покрај проблемите, Uber е на пат да си ги оствари амбициите благодарение на тектонските промени во индустријата, во кои спаѓаат и возилата кои сообраќаат без човек зад воланот. Лани Uber од резервации приходуваше 20 милијарди долари, а оваа бројка расте од квартал во квартал. Ако Косровшахи успее да го стави резултатот под контрола, IPO на Uber би можела да биде многу интересна за глобалните инвеститори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×