Новиот Citroën C5 Aircross e добитник на признанието „SUV на годината во Македонија“
Објавено на од во Автомобилизам

Националното жири за Избор на автомобил на годината во Македонија вчера ја соопшти одлукатапризнанието „SUV на годината во Македонија“ да го понесе новиот Citroën C5 Aircross SUV. Истото жири одлучи наградата „Томислав Билјарац“ за 2019 година, за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија, да му биде доделена на Стерули Бураку.

SUV na godinata

Изборот на автомобил на годината во Македонија годинава се одржува 24. пат и е најстара манифестација од ваков вид во Македонија. Новиот Citroën C5 Aircross SUV беше дел од манифестацијата како еден од петте финалисти за „Автомобил на годината во Македонија“. Жирито не остана рамнодушно на новиот Citroën C5 Aircross SUV, кој со својот уникатен, енергичен и сигурен настап се издвои од останатите конкуренти.

Тоа е новиот знаменосец на марката, идеален претставник на новите модели од Citroën, SUV од новата генерација, инспириран од очекувањата и од желбите на клиентите. Плени со оригинален и афирмиран карактер, со неповторливи можности за персонализација и 30 комбинации на надворешноста. Како носител на програмата Citroën Advanced Comfort®, новиот C5 Aircross SUV е најудобниот во својот сегмент и со најмногу можности за персонализација. Со новото потпирање со Прогресивни хидраулични перничиња ® и седишта Advanced Comfort, гарантира сосема ново доживување зад управувачот типично за Citroën.

Оригинална модуларност со 3 независни задни седишта, со можност за лизгање, преклопување и накосување, како и багажен простор Best in Class од 580 l до 720 l. Модерен и high-tech, со 20 технологии за помош при возењето меѓу кои Highway Driver Assist, уред за автономно управување од второ ниво или, пак, Grip Control со Hill Assist Descent за успешно совладување на секаков вид подлога, 6 технологии на поврзување, меѓу коии безжичен полнач за смартфон.

Новиот Citroën C5 Aircross SUV, кој се произведува во Франција, во фабриката во Рен, во моментов ѝ се претставува на македонската публика, со цена веќе oд 19.990 €, а во Европа брои над 120.000 нарачани возила. Истиот е и меѓу финалистите на изборот за „Автомобил на годината за Европа – 2019“. Кон крајот на 2019 се очекува да биде првото возило на Citroën кое на европскиот пазар ќе нуди верзија Plug-In Hybrid PHEV.

Наградата „Томислав Билјарац“ се доделува втора година, за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија, а во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор на автомобил на годината во Македонија. Наградата оваа година повторно оди во вистински раце, кај г. Стерули Бураку, кој сиот свој работен век го посветува токму на автомобилската индустрија и на нејзиното достојно и професионално претставување како на македонскиот пазар така и пошироко во регионот.  Тој е основач на„Автонова“ – ексклузивниот увозник за возилата Citroën за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, како и на компаниите „Аутомобили груп“ – ексклузивен увозник за Jaguar Land Rover возилата и „Аутомобиле СК“ ексклузивен увозник за Fiat, Fiat Professional, Alfa Romeo и Јееp возилата, која слави 22 години присуство на пазарот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×