Новиот OMEGA Globemaster збогатен со годишен календар
Објавено на од во lifestyle

OMEGA Globemaster веќе ужива ѕвезден статус, но препознатливиот Master Chronometer уште посилно ќе заблеска со новата компликација додадена на неговите можности – годишниот календар!

Веќе поделениот дисплеј е означен со месеците од годината, додека сина стрелка го покажува моменталниот месец преку инстантно поместување. Со цел да се задржи читливоста на часовникот, куќиштето е зголемено од 39 на 41 милиметар. Засечените стрелки за час и минути, обложени со Super-Luminova, го привлекуваат секој поглед.

Самото куќиште е изработено од нерѓосувачки челик, додека полираниот назабен прстен е изработен од негребливиот тунгстен карбид. Она што го направи минатогодишниот Globemaster уникатен е тоа што беше првиот Master Chronometer во светот. Оваа година иновацијата во колекцијата продолжува. Овојпат часовникот е опремен со новиот OMEGA Co-Axial Master Chronometer Calibre 8922 механизам, придужен со картичка за официјална сертификација како Master Chronometer со поминување на 8 интензивни тестирања спроведени од Швајцарскиот федерален институт за Метрологија (METAS).

За заинтересираните, OMEGA Globemaster Master Chronometer Annual Calendar е достапен за преднарачка во салоните на Божиновски.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×