Новиот Porsche Targa 4S пристигна во Скопје
Објавено на од во Автомобилизам

„Порше Македонија“ ја прошири својата понуда со врвниот модел од семејството Targa –  Porsche Targa 4S. Македонските вљубеници во врвните автомобили имаат единствена можност да уживаат во овој раскошен автомобил, кој во Европа дури наскоро ќе започне да се испорачува кон клиентите. 

Porsche 911Targa - 2

Овој модел за прв пат го комбинира класичниот Targa концепт со врвната технологија за придвижување на покривот. Исто како и легендарниот оригинален Targa модел и новиот модел има карактеристичен широк Б -столб , подвижен покрив во делот над предните седишта и заоблен заден прозорец без Ц столб. Но за разлика од класичниот модел, покривот кај новата Targa може да се отвори и да се затвори со едноставно притискање на едно копче.

 

Porsche 911 Targa - 1

 

400 ks
296 km/h максимална брзина
0-100 кm/h за 4,4 секунди

Со своите  карактеристики, новиот модел 911 Targa се претставува како високо квалитетен иновативен римејк на класиката од 1965 година. Комбинацијата на широк заден дел, типичен за моделите со погон на сите тркала, и Б столбот типичен за Targa моделите му даваат на моделот исклучителен спортски изглед.

Врвниот модел е 911 Targa 4S , кој има 400 КС (294 kW) и мотор со работна зафатнина од 3,8 литри. Овој модел ја достигнува максималната брзина од 296 km/h, опремен е со Porsche двојна спојка (PDK) и спортски Chrono пакет, а забрзува од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди . Потрошувачката на гориво варира помеѓу 10,0 и 9,2 литри на 100 km.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×